АРС СТУДИО дел од годинешниот епицентар на светското творештво– 28.Саем на книгата во Скопје
Објавено во: Мои пари 13 Април, 2016 13:54
Една од најреномираните издавачки куќи на нашите простори, АРС СТУДИО, е дел од годинешниот Саем на книгата - епицентарот на светското творештво. Оваа година АРС СТУДИО учествува на 28. Меѓународен саем на книгата во Скопје, а вчеравечер во 18:00 часот во промотивниот центар на „Метрополис арена“, за нивно огромно задоволство, пред посетителите го претстави делото „Велика Британија и Балканот (1919-1941)“ од Теон Џинго, а нејзин промотор беше Никола Жежов.
Денес со почеток во 15:00 часот со особено задоволство Ве покануваат во промотивниот центар на „Метрополис арена“, каде што ќе се одржи панел-дискусија на тема „Некои аспекти на преведување книжевни дела“. Дискусијата ќе ја водат академик Митко Маџунков, проф. д-р Ратко Дуев и г. Ташко Ширилов.
АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, денес пловат по бурните издавачки води, носени од струјата на желбите на сите оние што го љубат пишаниот збор. Нивната визија е да ги пренесат вашите „најдобри другари“ од книжевниот свет до вашите полици во најкраток рок и по најповолни услови со квалитет што ја заслужува вашата доверба.
Целта на АРС СТУДИО е да биде неисцрпен извор на знаењата на големите мислители - филозофи, психолози и историчари, при што секој од потесните и пошироките академски кругови ќе може да ја згасне својата жед за знаење, да ги доградува своите вредности и да го збогатува својот интелектуален и духовен профил.
Работат во служба на пишаниот збор за да станaт културно жариште каде што секој ќе може да зачекори во нови светови, да бара нови знаења и каде што ќе се здружи преку љубовта кон книгите.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“







