30 Август, 2024
0.0260

АРСОВСКА СО ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИЦКОСКИ: Набавете автобуси за главниот град

Објавено во: Македонија 30 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска упати отворено писмо до премиерот Христијан Мицкоски. 

„Како претседател на Владата на Република Македонија и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Ве повикувам и Ве замолувам да внесете разум во делувањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Вашата коалиција во Советот на Град Скопје. Крајно неодговорно и неразумно е граѓаните на главниот град да бидат жртви на самоволието на 23 лица чие единствено политичко делување е преку деструкција, блокади и политички манипулации. Граѓаните на градот Скопје не смеат да бидат жртви на политичките амбиции на поединци од Советот на Град Скопје. Недозволиво е скопјани да чекаат автобуси по еден час на екстремни температури, недозволиво е учениците да немаат превоз, а уште пострашна е најавата на министерката за образование и наука дека нема намера да го исплати долгот за бесплатниот превоз на студенти и средношколци кон ЈСП, со намера и да го прекине овој проект.  Како Влада со големо владеачко мнозинсво имате начин и капацитет, а сакам да верувам дека имате и политичка волја да ги исплатите долговите кон ЈСП од 8 милиони евра, КХС од 2.5 милиони евра, но и кон ЈП Дрисла на кој само Клинички центар му должи 1 милион евра, како и долговите кон ЈП Водовод и Канализација кои се бројат во милионски суми.  Ве замолувам, како претседател на Владата доколку не можете да ги убедите советниците во град Скопје да гласаат за набавка на нови автобуси, тоа да го направите вие. Набавете автобуси за главниот град“, пишува Арсовска. 

Вели дека доколку Владата нема средства за оваа намена, подготвени се, а со одлука на Советот на Град Скопје, да ги префрлат потребните средства на посебна сметка.

„Апелирам до Вас, личните недоразбирања да не бидат причина за блокада на главниот град, а на штета на граѓаните на градот Скопје.  Доколку е ова прифатливо, предлагам да закажеме вонредна седница на Советот на Град Скопје во среда на 4-ти септември на која заеднички ќе донесеме одлука за набавка на нови 250 еколошки автобуси и останатите одлуки неопходни за непречено функционирање на градот. Предлагам условите за набавка на новите автобуси, начинот, динамиката и финансирањето да го предложите Вие како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а да го предложите преку Вашите советници во Советот на Град Скопје. Јас сум подготвена како и до сега, да ги прифатам Вашите барања и услови, со една цел - подобар живот на граѓаните на градот Скопје“, вели Арсовска. 

Инаку, ЗЕЛС бара оставка од неа. Во Скопје од понеделник ќе има хаос со превозот, бидејќи почнува учебната година. 

Можеби ќе ве интересира

БЕШЕ РЕГИСТРИРАН ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ: Грција го укина Центарот за македонски јазик во Лерин

БЕШЕ РЕГИСТРИРАН ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ: Грција го укина Центарот за македонски јазик во Лерин

СЕ ПОЈАВИ ЛАЖНА ВЕСТ ДЕКА КАЛИОПИ ПОЧИНАЛА: Пејачката бара полицијата да го расчисти случајот

СЕ ПОЈАВИ ЛАЖНА ВЕСТ ДЕКА КАЛИОПИ ПОЧИНАЛА: Пејачката бара полицијата да го расчисти случајот

ЗЕЛС: За Скопје спас во моментов е доколку Арсовска си поднесе неотповиклива оставка

ЗЕЛС: За Скопје спас во моментов е доколку Арсовска си поднесе неотповиклива оставка

СИНЏИАНГ-„РОДЕН ГРАД НА ПЕСНАТА И ТАНЦОТ“: Кинескиот автономен регион е колоритен мозаик на етнички диверзитет

СИНЏИАНГ-„РОДЕН ГРАД НА ПЕСНАТА И ТАНЦОТ“: Кинескиот автономен регион е колоритен мозаик на етнички диверзитет

Претставена онлајн платформа за борба против корупција во процесот на урбанистичко планирање

Претставена онлајн платформа за борба против корупција во процесот на урбанистичко планирање

„Она што е склучено по договор ние мора да го продолжиме“: Мисајловски најави дека хеликоптерите ќе почнат да пристигнуваат во 2026 година

„Она што е склучено по договор ние мора да го продолжиме“: Мисајловски најави дека хеликоптерите ќе почнат да пристигнуваат во 2026 година

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром

Лефков: Бисера Костадиновска Стојчевска платила 400 евра за луксузна вечера

Лефков: Бисера Костадиновска Стојчевска платила 400 евра за луксузна вечера

И ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ БЕЛЕЖИМЕ НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ: намален и бројот на бракови

И ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ БЕЛЕЖИМЕ НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ: намален и бројот на бракови