Арсовски: Роковите за договорот за скратуваат, потребен е договор Заев-Мицковски
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2018
Алексис Ципрас не е загрозен, но оставката на министерот за надворешни работи може да ги исплаши луѓето кои го поддржуваат Преспанскиот договор или тие кои биле неутрални, а да охрабри тие кои не го поддржуваат, вели аналитичарот Петар Арсовски.
„Треба внимателно да се следи, Ципрас во моментот не е загрозен во однос на стабилна Влада, но потребна е внимателност. Треба да се види дали политичката партија на Коѕијас ќе излезе од владината коалиција или ќе биде лична оставка на него. Сепак ситуацијата во Грција ги прави роковите уште пократки, а притисокот на САД и ЕУ ќе биде зголемен. Лидерите Заев и Мицковски ургентно да се договорат околу уставните измени. Решение е лидерска средба но јас сум скептик дека може да се случи тоа, вели Арсовски.
Ѓ.Т.