Артан Груби влегува во Владата, Бујар Османи ќе биде шеф на дипломатијата

Објавено во: Македонија 19 Август, 2020
Бујар Османи, досегашен вицепремиер за евроинтеграции, ќе биде министер за надворешни работи. Со тоа Османи ќе седне на местото на досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров, за кого се зборува дека ќе го преземе министерското столче во ресорот за правда.
Ова се сознанијата на Фактор за тоа кои кадри на ДУИ ќе ги зафатат престижните министерски столчиња на Илинденска, но и во законодавниот дом.
Крешник Бектеши ќе продолжи да министерува во Економија, каде се издаваат концесии за рудници, а се контролира и туристичката дејност.
Фатмир Бесими, пак, ќе ја преземе палката во раководењето со Министерството за финансии, на чие чело досега беше Нина Ангеловска. Фатмир Бесими беше министер за економија, за одбрана, а јавноста го памети и по тоа што беше вицегувернер во Народната банка, а ДУИ инсистираше да ја преземе и челната функција во монетарната власт во земјава.
Спикерот Талат Џафер ќе остане во својата претседателска фотеља во Парламентот, од каде се очекува дека повторно ќе ги „строи“ народните избраници.
За животна средина министер ќе биде досегашниот кадар на ДУИ, Насер Нуредини, млад кадар кој живеел во странство, кој очигледно е решен и натаму да се справува со проблемите со загадувањето во земјава.
ДУИ ќе номинира и министер за информатичко општество и на таа позиција ќе седне Ширет Елези, досегашната заменичка министерка за финансии. Таму досега министеруваше Дамјан Манчевски од СДСМ.
А во Владата влегува и досегашниот пратеник Артан Груби, кој е и генерален секретар на ДУИ. Тој, според сознанијата на Фактор, ќе биде вицепремиер за политички систем. Артан Груби важи за еден од највлијателните кадри на ДУИ и ова може да му се смета како значајно напредување во кариерата, бидејќи сега ќе биде на значајна позиција во извршната власт.
Можеби ќе ве интересира
ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА НЕМА ДА СЕ НОСИ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ: Министерството за правда со реакција до Мицкоски

Бронзен медал за Петар Заборски од „Макпетрол“ на светската карате лига

ЗАТВОРЕНИ 10 МАРКЕТИ ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО, КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДАРЦИ, ТЕТОВО И СТРУГА: Директорот на ДПИ соопшти детали откако цените се намалени

ПОЧИНА Д-Р ТОДОР ПИПЕРКОВСКИ: „Прерано“, колегите и пријателите се збогуваат
ВО ОКТОМВРИ ТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28, ЗИМАТА ПОСТУДЕНА СО ПОВЕЌЕ СНЕГ: Анализа за времето во Македонија
МАЈКАТА САКАЛА ДА ГО ПРИКРИЕ УБИСТВОТО ШТО ГО СТОРИЛ СИН И : Таа е осомничена за предизвикување на пожар во Хром

МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ГО ИСТРЧА ПОЛУМАРАТОНОТ: За саат и 47 минути претрча 21 километар

KРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА СКОПЈАНЕЦОТ ШТО ГО ЗАПАЛИ СТАНОТ ВО ХРОМ: Сакал да го прикрие убиството на 35-годишниот човек кој го убил во станот што изгоре

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија пет години од референдумот за Преспанскиот договор, Заев повика на одговорност
