Asus PadFone S и ZenFone 5 LTE во продажба
Објавено во: Мои пари 10 Јули, 2014
Asus во Тајван ги лансираше PadFone S и ZenFone 5 LTE. PadFone S е интеренационална верзија на PadFone X моделот, кој пред неколку месеци го претстави AT&T во Америка. Asus PadFone S има 5-инчи, Full HD екран , Qualcomm Snapdragon 801 чипсет колкуван на 2.3GHz, 2GB RAM, 16GB интерна меморија, 13MP камера на задната страна и 9-инчен таблет dock.
LTE верзијата на ZenFone 5 уредот претрпе значајни измени во однос на 3G моделот. Телефонот сега има 1.2GHz Qualcomm Snapdragon 400 чипсет а тука се и поддршките за сите LTE мрежи.
Остатокот на спецификациите е идентичен со оригиналниот модел HD екран од пет инчи, GB RAM, 8MP камера. И двата уреди од денеска се достапни во Тајван, а цената им е околу 335 долари за Asus PadFone S (таблет dock се продава одвоено за 170 долари), односно околу 235 долари за ZenFone 5 LTE.