19 Декември, 2025
0.0475

Atlantic Grupa на Белгијци им продава две фабрики

Објавено во: Финансии 13 Јули, 2017 09:01

Добивај вести на Viber

Аtlantic Grupa на белгиската Aminolabs Group одлучи да и продаде фабрики во Германија и Хрватска, соопштија вчера од оваа компанија напоменувајќи како вредноста на трансакциите изнесува до 200 милиони куни (27 милиони евра) .

Во соопштението кое го пренесуваат хрватските медиуми, во цел на понатамошно реструктурирање и поедноставување на бизнисот од сегментот на спортска и активна исхрана, и фокус на сопствени брендови, Аtlantic Grupa  одлучила да ги продаде фабриките во Германија (Bleckede) и Хрватска (Нова Градишка) и со нив поврзаното услужно производство за трети земји  (private label) на белгиската фирма Aminolabs Group.

Продажбата на фабриките на Аtlantic ни на кој начин не е предизвикана од состојбата во Агрокор, уверуваат од оваа групација во мнозинска сопственост на Емил Тедески. Тедески, наведуваат хрватските медиуми, во последните месеци во јавните настапи околу кризата во Агрокор ја смирувал паниката меѓу добавувачите и истакнувал како неговата компанија знае да се носи со ситуацијата, бидејќи „добро управува со ризик и не се плаши од последици“.

Изложеноста на Аtlantic ,кон Агрокор не е таква да може да го загрози редовното работење, велат во Аtlantic , а одлуката за продажба на фабриката за спортска и активна исхрана е резултат на одлуката на групацијата да се концентрира на јакнење на сопствените брендирани марки. Затоа со белгискиот партнер, специјализиран токму за услужно производство за трети земји, така наречени private label, се договориле за преземање на фабриката и тој сегмент на производство, со тоа да Аtlantic ги задржи своите брендови (Multipower, Champ i Multaben) и дека во двете фабрики ќе продолжи со нивно производство.

Со парите од продажбата на фабриката Atlantic планира пред се да ја намали задолженоста на компанијата, а со што, како истакнуваат би ја зајакнале за нови вложувања, како и органиски раст, така и нова аквизација.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми