05 Декември, 2025
0.1189

Атлантик група со раст на приходите од 3,3% во првите шест месеци

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2013 13:27

Добивај вести на Viber

Атлантик група, во првите шест месеци од годинава, споредено со истиот период лани, остварила раст на приходот од 3,3%, односно приходот од продажбата е 322,8 милиони евра. Добивката пред оданочување пораснала на 29,2 милиони евра, што е за 5,2 проценти во однос на истиот период минатата година, додека нето добивката после исплатата на дивидендата на индивидуалните акционери изнесува 15,3 милиони евра, благодарение на значително намалените трошоци за камата после успешното рефинансирање на кредитните обврски. За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група најмногу допринеле стратешките деловни единици за спортска и активна прехрана (16,9 проценти), при што најзначаен раст е остварен на пазарите во Германија, Швајцарија, и деловната единица за Здравје и нега (3,6 проценти) која бележи раст на рускиот пазар и покрај промената на дистрибутерот со што е надокнадена изостанатата продажба во првиот квартал. Деловната единица „Слатко и Солено“ пораснала за 3,4 проценти, со значаен раст во продажбата на категориите флипс, кекси и чоколадо на пазарот во Србија и Македонија. Кафето, како најголема поединечна категорија со 67,5 милиони евра приход, од продажбата остварила 1,7 проценти подобар резултат во однос на истиот период лани. Пазарот во Хрватска во овој сегмент продолжува да бележи двоцифрен раст на продажба на трговската марка Barcaffe. „Атлантик Група во првата половина на годината оствари раст на приходите од продажба и покрај економските предизвици во регионот и пошироко. Исклучително сме задоволни од континуираниот органски раст во работењето, а посебно сме задоволни од растот на приходите од продажбата на пазарите во Русија, бившите советски републики, како и на клучните европски пазари што е потврда за успешното зајакнување на позицијата на брендовите на Атлантик Група на меѓународните пазари“ - изјави потпретседателот на Атлантик Групата одговорен за финансии, г. Зоран Станковиќ. Анализирајќи ги пазарите, најголемиот раст е направен во Русија и бившите советски републики (26,8 проценти) со што овој пазар во вкупните приходи на групата сега остварува 5,6 проценти од вкупните приходи од продажбата. Вториот најголем раст е остварен во Словенија (6,9 проценти). Клучните европски пазари (Германија, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Австрија, Шведска и Шпанија), кои сочинуваат 12,8 проценти од вкупните приходи од продажба, исто така оствариле значаен раст од 6,7 проценти. Хрватскиот пазар е најголем во вкупниот приход од продажбата со 24,4 проценти, а по него следи пазарот во Србија со 24 проценти. Словенија е трет по големина пазар со 12,8 проценти, а по него следат БиХ со 7,6 проценти и останатите регионални пазари со 6,2 проценти.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката