05 Декември, 2025
0.0355

Аудиокултура - македонска приказна која инспирира до срж: Звучници кои репродуцираат совршен звук

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2020 07:08

Добивај вести на Viber

Истражувајќи македонски успешни приказни наидовме на една поинаква, уникатна, воодушевувачка - приказната за Теохаров аудио.

Станува збор за единствената македонска фирма за производство на High End аудио опрема.

Аудиофилите знаат и со воодушевување зборуваат за Теохаров, но она што нас пријатно не изненади е фактот дека за Теохаров знае и пошироката македонска јавност. Се што слушнавме за нив беа прекрасни коментари проткаени со многу емоции. Со задоволство отидовме да ги посетиме и да ја слушнеме приказната од прва рака.

Топло довредојде ни посака Михаил Теохаров - финансов и маркетинг директор во фирмата, брат на основачот и дизајнер на звучниците и засилувачите.

Прекрасниот амбиент во кој не пречекаа е само надоврзување на очигледна семејна хармонија и љубовта кон работата кои никако не ја исклучуваат професионалноста. 

После прашањето каде е почетокот и од каде се желбата и инспирацијата за ваков занает, се препуштивме на уживање во приказната.


„Сите ние се раѓаме со некакви афинитети и љубов кон нешто. Во нашето семејство тоа е музиката. Особено за брат ми кој како постар, следејќи ги своите желби, ненаметливо и мене ме завлекол на тој пат. Растевме во време кога изборот на квалитетни домашни, регионални и светски групи беше голем. И секоја од нив со своја суштина, свој правец и свој пат. Сите различно квалитетни. Ние пак слушавме квалитетно, темелно и посветено, но и анализиравме темелно и учевме темелно. Уживањето е најголемо кога ги имаш сите коцки. Потрагата по таквото уживање не однела на неброени настани за кои и денес го знаеме редоследот на програмата, но и брендот на опремата, озвучувањето, врвното на настанот но и пропустот, вели Михаил.


Тоа е пасија.  Таа пасија за квалитетен звук е она што Веселин го навела на многу учење, истражување, работа, посветеност и истрајност. Откако знае за себе купувал звучници, системи и засилувачи. И ни еден од нив не останал во својата основна форма и онаков каков што бил купен. Потрагата по совршен звук била основата поради која сè се расклопувало, надградувало и пак склопувало.

Она што го сметале за хоби, всушност од секогаш било приоритет. Тоа го докажал и првиот произведен звучник кој Веселин го направи за себе многу одамна . 

Немаше дилема дека тоа ќе стане подрачје бизнис.

Фирмата постои повеќе од 20 години. 

„20-25 години можеби и не е предолг период за да си дозволиме да раскажуваме дека тоа е некоја предолга историја. Од друга страна тоа се сепак 2 децении. Период во кој сме произвеле значителен број звучници, засилувачи и дополнителна опрема и најголемиот број од сето тоа е продадено. Фактот дека сопственици на тие производи се домашни и странски аудиофили кои имаат сериозни познавања за звукот дополнително ни потврдува дека сме постигнале врвен квалитет. Особено ако се земе предвид дека тие луѓе слушале музика и поседуваат системи од светски познати брендови, доаѓаме до заклучок дека сме на одличен пат. Би напомнал дека не станува збор за сериско производство туку за индивидуален пристап кон секој произведен систем. Ние сме силно поврзани со секој еден кој купил наш производ баш поради тоа што сме темелно посветени на секој сегмент од производството почнувајќи од математичкиот пристап, па се до конструкцијата и склопувањето и конечно пакувањето во кутии од природен материјал во дизајн по инспирација на купувачот или конструкторот, раскажува Теохаров.


Во овој период производите со ознака Теохаров се претставени на истакнати регионални саеми за аудио опрема после кои сме добиле завидни критики и оцени, како и посебен стручен осврт само за нашите звучници како највпечатливи од сите кои се претставиле (текст кој се публикуваше во специјализираното списание Hi-Files). Потврда за квалитетот односно оцена 5 од 5 е добиена од релевентниот магазин High Files, како и од релевантен ирски аудио критичар 6 moons, каде испратиле примерок од нашето производство

Тоа искрено импонира.

„Приказната која започна како хоби, денес е бизнис развиен до ниво на бренд кој сериозно им пркоси на светски познатите брендови. Со гордост можеме да кажеме дека денес сме изградена и реномирана компанија за производство на High end аудио опрема чија цел е непрестајно усовршување и сигурно чекорење кон светските пазари. Она што посебно нѐ радува и мотивира е фактот дека за Теохаров не знаат само аудиофилите туку и пошироката јавност. Некако се шири информацијата дека ние сме единствените производители на High end аудио опрема во Македонија, а ширењето пак на информацијата дека станува збор за врвен квалитет се повеќе го зголемува бројот на оние кои сакаат да дојдат, да видат, да слушнат. Дојде време студиото од 30 квадратни метри кое наменски се отвараше по барање на љубители на добриот звук да се претвори во поголем изложбен простор отворен за сите.


Од друга страна, ние не сакавме да отвориме само локал за продажба на нашите производи туку простор кој пред се ќе нѐ отсликува нас како луѓе, како семејство, како професионалци, како бренд.

Нашата водечка идеја од секогаш била - она што ни недостасува да го создадеме сами. Отелотвривме наука и уметност, создадовме звучници кои репродуцираат совршен звук па за истите посакавме еднакво совршен изложбен салон.

ја создадовме Аудиокултура!


Создадовме дом за личната пасија на Теохаров. Урбан простор кој постави повисоки стандарди во светот на музиката и бескомпромисно претендира да инспирира промени на подолг рок.

Аудиокултура за нас е начин на живот. Во тој свет сакаме да внесеме што поголем број на луѓе. Нашите врати се широко отворени за секој кој сака да дојде, да сподели знаење и искуство, да се едуцира, да презентира, да промовира лично дело или едноставно да ужива во пријатна атмосфера и квалитетен звук од врвни системи, вели Михаил.


Додава дека пријатната атмосфера каде совршениот звук е реалност сака да е достапна за секој. Барот кој го вметнале во склоп на продажниот салон само го надополнува концептот за пријатност и уживање. 

„Сите знаеме дека музиката предизвикува вид на задоволство без кое човековата природа не може. Таквото задоволство кај нас го има во неограничени количини.

Среќни сме што посетителите тоа го препознаваат и уште посреќни сме што Аудиокултура веќе е синоним за различно, убаво и квалитетно, синоним за простор кој дефинитивно му недостасувал на Скопје, вели тој. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени