15 Јануари, 2025
0.0280

АВАЈА верува во подобра иднина на Ромите

Објавено во: Македонија 30 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Уште од осамостојување на државата, Ромите како активни придонесувачи за демократските вредности, биле дел од популацијата која се стремела кон еднаквост.Низ повеќе форми на здружување, Ромите биле одлучни борци за дефинирање и унапредување на колективните интереси во државата. Иако е веќе познато, важно е да се напомене дека делувањето на Ромите во граѓанскиот сектор резултирал за добробит на ромската заедница уште од 90-тите години. Од друга страна, не смее да се избегне и импактот на политичките партии како субјекти кои биле активни во овој период. Сепак, од осамостојувањето до 2000 година, Ромите имале ограничен простор за учествување во општествените текови во Македонија. Граѓанските организации претставувале најгласна форма за влијание во држава која, сè уште, се развива во демократска култура.

Долгорочните резултати на граѓанскиот сектор и политичкиот контекст во Македонија, по 2000-та година, овозможи поголем простор за делување во општеството и поголемо политичко учество во Македонија. Иако секоја Влада досега како коалициски партнер имала своја ромска политичка партија, дури по 2002 година, многубројноста на младите интелектуалци Роми го најавува зголемувањето на ромските политички субјекти и подобро артикулирање на нивните интереси. Иако веќе оддамна е јасно, традиционалните лидери го знаат рецептот на успех на избори и наоѓаат начин како да ја обезбедат посакуваната функција. По изборите, функцијата и обемот на работа ги прави лидерите недостапни за интересите и потребите на гласачите.

Според претходни анализи и истражувања на јавното мислење на ромскиот електорат за време на избори, може да се забележи дека на секои избори, околу 60% од испитаници учествувале на избори и имаат доверба во државниот систем. Иако со мала доверба кон институциите, Ромите сè уште сметаат дека оваа држава има потенцијал да обезбеди еднаквост и за нив. За жал, честопати гласачите Роми се чувствуваат дека нивните барања и потреби не се адресирани од страна на политичките партии, а граѓанскиот сектор се обидува да ги адресира преку финансии од донатори кои не гарантираат долгорочни резултати, односно системски решенија.

Иако сите форми на делување се веќе искористени, граѓаните Роми незадоволни од своите платформи на граѓански организации и политички партии. Сепак, постои надеж за влијание врз општествените текови преку граѓанските иницијативи. Како новитетза овие претседателски избори (а воедно и веќе познат механизам за артикулирање на барањата на граѓаните Роми) се граѓанските иницијативи. АВАЈА е граѓанска иницијатива која ги артикулира и промовира интересите на Ромите до засегнатите страни во државата. АВАЈА или преведено од ромски на македонски јазик „Доаѓаме“, поврзува 10.000 граѓани Роми од 14 општини од државата за да го обединат гласот за интересите на заедницата. Оваа иницијатива преку консултативен процес успеа да ги категоризира барањата на Ромите од државата и да биде легитимиран субјект кој ќе ги пренесе барањата до политичките партии, амбасадите, граѓанските организации и сите останати кои треба да бидат информирани и засегнати за прашањата на Ромите.

Оваа иницијатива аргументативно ги застапува интересите на Ромите кои произлегле од консултациите. Според нив, несоодветната правична застапеноство државната и јавната администрација како и недостатокот на системски решенија за проблемите на Ромите, забележани од страна на националните и меѓународните организации, претставуваат главните аргументи кои ги засегаат Ромите во државата. Манифестот на АВАЈА, кој претставува потпишана поддршка од граѓаните Роми за барањата за кои се залага, претставува документ кој ги наведува барањата:

·  Ромите да бидат минимум 2% застапени во државната и јавната администрација до 2020 година со цел да се запази правичната застапеност по институции особено министерствата

·  Двојна буџетска алокација за решавање на проблемите на Ромите до 2020 година

·  Двојно поголема реализација на капиталните инвестиции во ромските населби до 2020 година


Овие барања биле комуницирани со сите политички партии, вклучувјаќи ги партиите на власт и партиите во опозиција. Покрај политичките субјекти, оваа иницијатива ги комуницирала барањата и до германската, швајцарската и француската амбасадам како и делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Покрај оваа комуникација, иницијативата има цел на 3-ти мај (петок) да покани 1.000 граѓани Роми и претседателските кандидати од вториот круг заедно со политичките лидери на владејачката и најголемата опозициска партија на средба во која претседателските кандидати ќе одговорат пред аудиториумот Роми за проблемите на оваа заедница.

Политичката култура на мнозинството дозволува свесно потценување и ингорирање на демократските фаули врз севкупната демократија на државата затоа што и ромскиот политички блок е дел од тоа милје. Политичката култура на Ромите дозволува ниво на разбирање на политиката како нешто што треба да биде креирано и имплементирано од другите, иако тие активно учествуваат на избори. Затоа ваквите граѓански иницијативи, посебно водени од млади и просперитетни Роми, ветуваат дека Ромите ги очекува подобра иднина која ќе се темели на заедништво и ќе донесе резултати и системски решенија за нивните проблеми и потреби. Останува да бидеме сведоци на ова ново време и на начинот на кој оваа иницијатива ќе го направи својот максимум. 

Суад Скендери, претставник на АВАЈА

Можеби ќе ве интересира

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?