АВИОН НА „ЕР СРБИЈА“ ВРАТЕН ОД СКОПЈЕ: Еве кои се причините

Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2023 06:10
Поради техничка неисправност, авионот на Ер Србија кој летал од Белград за Скопје, на летот JU 162, морал да се врати во Белград. Авионот АТР 72, кој полета во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружеше 20 минути над Скопје, пред пилотот да донесе одлука да се врати во Белград.
Како што биле информирани патниците, дефектот во авионот не бил опасен и не го спречил слетувањето, но авионот би останал приземјен во Скопје бидејќи таму не би можела брзо да се поправа, како што е случајот во Белград.
Авионот безбедно слета на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот.
Станува збор за авион кој Ер Србија го изнајмува и кој имал екипаж од Данска.
Сите места во авионот беа полни бидејќи голем број домашни и странски новинари летово одеа на самитот на ОБСЕ во Скопје.
Нова.рсМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот
