17 Декември, 2025
0.0319

Австриа против дискусиите за можно отстапување на Грција од монетарната унија

Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2015 19:00

Добивај вести на Viber

Австрискиот канцелар, Вернер Фајман, како и министерот за финансии, Ханс Јерг Шелинг, се изјаснија дека се против секаква дискусија за отстапување на Грција од еврозоната. Минатиот викенд, во Германија, поголем број политичари поттикнале дебата за истапување на Грција од монетарната унија и отстапување од користењето на еврото како валута. Фајман и Шелинг во изјава за австриската државна телевизија, рекле дека Грција мора да се придржува до своите обврски кон меѓународните финансиери. „Сметам дека сосема е непотребно на една земја, која сега се наоѓа пред избори, да и се порачува што се се гледа и мисли. Грчките граѓани имаат право да изберат парламент и влада за која сметаат дека е добра да ја води државата и да ги претставува. Грција и во минатото се придржуваше до обврските и за мене не постои сомнеж дека тоа ќе го прави и во иднина“, нагласил Фајман. Тој истакнал дека дискусијата за можноста од исклучување на Грција од еврозоната е целосно непотребна. Шелинг, исто така, рекол дека навистина нема причина за ваква дискусија и дека не треба да се размислува на сценарио според кое Грција би излегла од ЕУ или еврозоната. Грција, како што оценил, ќе продолжи со својата програма и по изборите ќе продолжи да соработува со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата