Добивај вести на Viber
Работници за чистење и одржување објекти се повеќе се бараат во Австрија, и покрај растечката невработеност во оваа европска земја. Во овој сектор се размислува како да се направи оваа професија попривлечна.
Поточно, податоците покажуваат дека во оваа индустрија се потешко се наоѓа персонал. Директорот на познатата компанија која се занимава со овие прашања "Симачек фасилити менаџментт", Гералд Мајер објаснува дека има помалку дојденци од Турција и балканските земји, како и дека пристапот до австрискиот пазар на труд за новите членки на ЕУ не е многу од корист во овој поглед.
Податоците покажуваат дека само во Виена има 4.000 непополнети работни места во овој сектор.
Од службите за вработување објаснуваат дека причината што оваа работа не е атрактивна за Австријците е што нема постојано работно време и тешко се усклаудваат семејните обврски. Друг проблем е нискиот приход, бидејќи многу работни места не се со полно работно време.