Добивај вести на Viber
Делегацијата на Стопанската комора на Македонија со претставници на Стопанската комора на Азербејџан, денеска разговараше за можностите за настап на македонски компании на азербејџанскиот пазар, како значајна земја во каспискиот регион.
Во тек на посетата на Азербејџан на македонската стопанска делегација, предводена од претседателот на Комората Бранко Азески, е договорено учество на компании од Македонија на неколку значајни саемски манифестациикако и подобрување на системите за размена на информации и организирање бизнис-форум со аербејџански компании.
- Доколку се исполнат тие предуслови, констатирано е дека постои можност наскоро да ги видиме нашите производи на овој значаен регионален пазар, соопшти Стопанската комора на Македонија.
- Во насока на отворање нови пазари за нашите компании треба да се напомене и минатонеделниот договор на Стопанската комора на Македонија со Унијата на турските комори (ТОББ) за заеднички настап на нашите и турските компании на азербејџанскиот пазар, соопштуваат од Стопанската комора на Македонија.