Балканците не излегуваат на протести, а не коментираат политика дури и на социјалните мрежи
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2018
Според истражувањето на јавното мислење што го спроведува Регионалниот совет за соработка, во 2017-та на Балканот само осум отсто од граѓаните во земјите во регионот учествувале на јавни протести, пет отсто јавно ги коментирале владините одлуки на социјалните мрежи, а само 3 отсто учествувале во јавни расправи.
Учеството на јавноста во креирањето на политиките на земјите од Западен Балкан е тема на конференција која се одржува од денеска во Виена, на која учествуваат раководители на одели од министерствата за правда, министерствата за администрација и јавна управа и министерствата за европски интеграции на земјите од регионот.
Целта на Конференцијата е да се подигне свеста кај властите во земјите од Западен Балкан (ЗБ) за зголемување на стандардите за вклучување на јавното мислење при креирањето на политиките што ги спроведуваат владите и нивните министерства.