БАЛКАНЕЦ ИЗГУБИ 24.000 ЕВРА: Еден „лајк“ скапо го чинеше
Објавено во: Финансии 01 Август, 2025 06:30
За жал, 47-годишен маж од Бјеловар научи прилично скапа лекција - пари не се заработуваат со плаќање депозити
Измамата започнала на почетокот на јуни, кога тој бил додаден во група со повеќе од 1.300 членови преку апликацијата. Таму, му презентирале наводна можност за „пасивен приход“: гледањето видеа и лајкувањето содржини требало да му обезбедат приход. Сепак, за да го започне „бизнисот“, било потребно да се плати депозит - што е првиот предупредувачки знак, кој тој за жал не го препознал.
Во текот на неколку недели, воден од верувањето дека го чекаат сериозни заработки, тој депонирал пари на неколку различни сметки, верувајќи дека инвестира во своите идни приходи. Кога вкупниот износ достигнал речиси 24.000 евра - комуникацијата со „работодавците“ едноставно била прекината. Се разбира, немало плаќање.
Не наседнувајте на лажни ветувања
Полициската управа Бјеловар потврди дека случајот е пријавен и дека е во тек кривична истрага. Тие упатуваат јасно предупредување до граѓаните:
- Не дозволувајте да бидете заслепени од ветувања за брза заработка. Не плаќајте пари на непознати лица и не користете непроверени апликации. Ваквите понуди обично се придружени со добро организирани измами - велат од полицијата, пишува Дневно.
Како да се заштитите?
Не верувајте на апликации што бараат авансно плаќање за да „заработите пари“
Секогаш проверувајте го угледот на страницата, апликацијата или рекламата
Не давајте лични информации и податоци за платежна картичка на непознати контакти
Пријавувајте сомнителни реклами и апликации во полицијата или надлежните институции
Бизпортал.рсМожеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




