21 Септември, 2024
0.0255

Балканската шесторка усвои Акциски план за економска интеграција

Објавено во: Балкан 13 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, поддржаа повеќегодишен Акциски план за регионален економски простор на Западен Балкан (ЗБ6), наречен МАП (MAP), соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), кој е овластен да го следи целиот процес. Сoласноста е искажана на самитот во Трст, меѓу ЕУ и ЗБ 6, каде што присуствуваа премиерите на Македонија, Албанија, Косово, БиХ, Црна Гора и Србија, од една страна и и највисоки претставници на ЕУ од друга. 

МАП има за цел да овозможи „непречен проток на стока, услуги, капитал и квалификувана работна сила“, со што регионот би требало да биде поатрактивен за вложувања и трговија и да го забрза приближувањето кон ЕУ на земјите потписнички.

Со МАП се предвидени мерки за приватниот сектор да може да се реализира на пазар од приближно 20 милиони луѓе и да се насочи кон модел на регионален раст со долгорочни стапки. Мерките се фокусираат на:

·  Промовирање на натамошна трговска интеграција

·  Воведување на динамичен регионалeн простор за инвестиции

·  Олеснување на регионална мобилност

·  Создавање на програма за дигитална интеграција

Надгледување на напредокот и реализацијата на МАП му е доверена на Регионалниот совет за соработка, меѓувладино оперативно тело на Процесот за соработка во ЈиЕ, со седиште во Сараево и на Секретаријатот на ЦЕФТА.

Генералниот секретар на РСС Горан Свилановиќ изрази задоволство што „од шесте лидери и од ЕУ, добиле задача да го надгледуваат процесот“.

„Шесте лидери на Западен Балкан изразија целосна определеност за спроведуввање на МАП. Ова ќе даде силен поттик на процесите на пристапување во ЕУ врз основа на индивидуални заслуги, целосно ќе го забрза исполнувањето на економските критериуми од Копенхаген и ќе ослободи поголеми економски потенцијали“, изјави Свилановиќ.

Во соопштението се наведува дека, „Лидерите на Западен Балкан 6 ги повикуваат меѓународните организации и донаторите кои ги поддржуваат реформите во областите што ги предвидува МАП, своите програми за помош да ги сообразат со МАП. За таа цел, до крајот на 2017 година треба да се организира Конференција посветена на координација на донаторите“

Самитот во Трст беше четврт самит во рамките на Берлинскиот процес кој го поттикна регионалното поврзување и пристапот кон ЕУ. 


Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МИНИСТЕР СО ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ: Две јајца, тоа се 22 динари и цел ден ќе бидете сити

СРПСКИ МИНИСТЕР СО ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ: Две јајца, тоа се 22 динари и цел ден ќе бидете сити

НИКОЛОСКИ ГО НАЛУТИ БОРИСОВ: „Очигледно не треба да се остваруваат пријателски средби со овие луѓе, дури и за опера“

НИКОЛОСКИ ГО НАЛУТИ БОРИСОВ: „Очигледно не треба да се остваруваат пријателски средби со овие луѓе, дури и за опера“

ПОЗНАТА КОНДИТОРСКА КОМПАНИЈА ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНИ БИСКВИТИ ВО СРБИЈА: нивните производи ги има и кај нас

ПОЗНАТА КОНДИТОРСКА КОМПАНИЈА ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНИ БИСКВИТИ ВО СРБИЈА: нивните производи ги има и кај нас

ИСКЛУЧИТЕЛЕН ПРОСТОРЕН, ФУНКЦИОНАЛЕН И ИНЕСТИЦИСКИ РЕСУРС ВО ГРАДОТ: Мини град се гради во Белград

ИСКЛУЧИТЕЛЕН ПРОСТОРЕН, ФУНКЦИОНАЛЕН И ИНЕСТИЦИСКИ РЕСУРС ВО ГРАДОТ: Мини град се гради во Белград

ЕВЕ ШТО Е АКТУЕЛНО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Оваа дестинација на Балканот, има сè

ЕВЕ ШТО Е АКТУЕЛНО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Оваа дестинација на Балканот, има сè

ВУЧИЌ ПРЕТСТАВЕН КАКО ЛИК ОД ЦРТАН ФИЛМ: Се фали што направил во Србија

ВУЧИЌ ПРЕТСТАВЕН КАКО ЛИК ОД ЦРТАН ФИЛМ: Се фали што направил во Србија

КОСОВО СЕ ВООРУЖУВА: За три години потрошиле 250 милиони евра

КОСОВО СЕ ВООРУЖУВА: За три години потрошиле 250 милиони евра

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

ЕВЕ КОИ ПРЕКРШОЦИ ГИ ЕВИДЕНТИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ КАМЕРИ: Ако ве закачи камерата во Белград, ова се казните што ќе мора да ги платите

ЕВЕ КОИ ПРЕКРШОЦИ ГИ ЕВИДЕНТИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ КАМЕРИ: Ако ве закачи камерата во Белград, ова се казните што ќе мора да ги платите