16 Декември, 2025
0.0402

Балканските лекари на работа во Германија, германските – на студии на Балканот!

Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2014 10:58

Добивај вести на Viber

Многу млади Германци заминуваат во земјите на Источна и Југоисточна Европа за да студираат медицина. Ако за нив нема место на факултетите во Германија, тие се одлучуваат за Полска, Бугарија или Романија. Во германските болници работат голем број на лекари од Источна Европа. Тоа повеќе не е ништо необично, тоа се подразбира. Имено, на Германија очајнички и требаат лекари, а условите за работа и платите се многу подобри отколку во Полска, Романија или Бугарија, истражува Дојче веле. Освен тоа медицинските работници од Источна Европа имаат добра репутација во Германија. Нивното образование, според меѓународните стандарди, важи за многу добро, иако болниците и образовните институции често не располагаат со најнова медицинска опрема и апаратура. Студирање во земјите на гастарбајтерите Квалитетот на медицинското образование во Источна Европа го ценат и германските ученици кои имаат намера да студираат. Последните години студирањето на медицина во сиромашните земји на ЕУ речиси стана тренд. Тоа не зачудува бидејќи додека во Германија условите за упис на факултет се строги, во овие земји речиси не постои ограничување кога се работи за бројот на запишани студенти, а не постои ни листа на чекање за место на факултет. За да може да студира медицина во Германија треба просечна оценка од 1,2, единица е најдобра оценка, што значи дека е строго ограничен бројот на студенти кои можат да се запишат на тие престижни студии. Така за едно студентско место конкурираат пет лица. „На некои универзитети повеќе не е доволен ни просекот од 1,2. А секој кој има инаку одличен просек од 1,5 или 1,6 воопшто нема шанси за студирање“, вели Хендрик Лол, директор на фирмата СтудиМед. „Наспроти тоа ние тука имаме голем недостиг на лекари“, додава тој. Овој 22-годишен директор го препозна проблемот кој Германија го има со студиите по медицина. Неговата компанија се занимава со посредување, т.е. на младите Германци им овозможува студирање во Источна Европа. Заинтересирани има многу. Од почетокот на годината во СтудиМед се пријавиле 1.500 кандидати кои бараат место на факултет. „Одлуката за прием не се одвива преку нас, туку преку поединечните универзитети, но ние отприлика знаеме врз основа на што универзитетите го вршат изборот. Тоа е причина поради која до сега без исклучок на секој кандидат можевме да му обезбедиме место на факултет“, гордо вели Хендрик Лол. Тој посредува во наоѓање на места на факултетите за медицина и стоматологија на универзитетите во Бугарија, Романија, Литванија, Хрватска и Словачка. Оваа компанија располага со конкретен број на места на универзитетите. Јазикот на кој се одвива наставата е англиски. „Студирајте таму, каде што другите одат на одмор“, е слоган со кој оваа фирма ги привлекува кандидатите. Покрај слоганот стојат фотографии на туристички места како Варна на црноморскиот, или Сплит на јадранскиот брег. Провизија во висина на школарината СтудиМед на самото место има свои работници кои помагаат на новите студенти без оглед на тоа дали бараат стан или отвораат сметка во банка. Но, овој сервис има и своја цена. Оваа фирма пресметува годишна школарина како провизија за посредување во наоѓање на место на факултет. Школарината може да изнесува и до 10.000 евра. „Поради тоа меѓу клиентите имаме најголем број на деца на лекари“, вели Лол. За многу Германци студирањето во странство е само отскочна даска за почеток на студиите. По втората или третата година од студиите тие сакаат да се префрлат на германските универзитети иако нема гаранција дека ќе добијат место во Германија. За можноста за продолжување на студиите во Германија размислува и Симон Бониц од Регенсбург. Тој посетува прв семестар на универзитетот во романскиот Клуж. Местото го нашол преку една романска компанија. „По завршувањето на студиите ќе се вратам во Германија. Можам тоа да го направам и порано, но воопшто не знам дали тоа го сакам. Мене тука всушност сосема ми се допаѓа. Мислам дека тука во Клуж ќе ги завршам студиите“, вели тој. Бониц не е загрижен околу работното место во Германија. Работа има, а дипломата од Романија е призната во цела Европска унија.   Анализа на Дојче Веле

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството