„ПАДНА“ И ПРВАТА ОСТАВКА ВО СРБИЈА: Весиќ се повлекува поради несреќата која се случи во Нови Сад

Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2024 18:46
„Падна“ и првата оставка во Србија, по несреќата која деновиве се случи во Нови Сад, каде се урна натстрешница на Железничка станица при што загинаа 14 луѓе, меѓу кои и еден македонски државјанин.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во Србија, Горан Весиќ одржа вонредна прес-конференција на која изјави дека утре претпладне и официјално ќе поднесе оставка.
„Таа вечер бев на железничката станица, и дадов оставка ден откога се случи несреќата, а мојата намера му ја соопштив на претседателот на републиката, утре наутро и официјално ќе поднесам оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура“, изјави Весиќ.
Тој рече дека кога Националното собрание ќе ја потврди неговата оставка, тој ќе престане да ги извршува своите должности во техничкиот мандат.
„Поднесувам оставка како одговорно лице бидејќи се случи страшна несреќа во ресорот што го раководам. Јас сум одговорен, но не сум виновен. Зошто не можам да ја прифатам вината? Бидејќи министерството не можело да влијае на тоа како е направено“, вели Весиќ.Во Белград и денеска имаше протести и граѓаните бараат одговорност.
Можеби ќе ве интересира
ЈОТОВА СЕ ЛУТИ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: Проблемот се преговорите со Македонија

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА НА СВАДБА ВО СПЛИТ: Причина е пиротехника

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ: Објави со каков специјалитет го пречекал синот на Трамп

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник
