Балмер го напушта Microsoft
Објавено во: Мои пари 20 Август, 2014 12:23
Поранешниот извршен директор на Microsoft, Стив Балмер, повеќе нема да биде во управниот одбор на оваа компанија.
Неговите планови, после 34-годишната кариера во Microsoft, се поврзани за сосема друга област. Тој сега сака да се посвети на ЛА Клиперс, спортскиот тим кој од неодамна е во негова сопственпост.
Покрај тоа, ќе биде ангажиран на Стенфорд, каде ќе држи предавања од есента.
Акциите на Microsoft кои Балмер ги има во сопственост ќе останат таму, а Балмер ќе продолжи да им помага во вид на совети и стратегија. Инаку, Балмер, пренесува АП, е најголемиот поединечен акционер на Microsoft, со 333,3 милиони акции вредни околу 15 милијарда долари.
Сатиа Надела, му се заблагодари на Балмер на поддршката која им ја понуди во овој период.
За сега нема информации дали или кој ќе го замени Балмер во УО на Microsoft.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




