БАНКА НА ВАШИОТ МОБИЛЕН УРЕД – современото банкарство е достапно во Македонија!
Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2014 08:38
Она што е специфично е дека според процентуалното учество на Android и iOS базираните уреди во делот на користењето на мБанка, во Македонија е регистрирано изненадувачки високо учество на употребата на mbanking системот преку iOS уреди:
Фактор: По што концептот на mbanking на Комерцијална банка се разликува од останатите на пазарот во Македонија?
Д. Живаљевиќ: мБанка на своите корисници им гу нуди следните вредности што истата ја прават прва и до овој момент единствена апликација во нашата земја:
1. Можноста на сигурен и едноставен начин, корисниците бесплатно и далечински да ја регистрираат и активираат апликацијата со можност за вршење на плаќања и трансфери преку сајтот на Интернет банката без притоа да мораат да дојдат во Банката и да потпишат договор што резултираше со преку 2000 регистрирани корисници во период од само еден месец од моментот на објавувањето на mBanka на Google play store-от и App store-от, при што треба да се земе предвид дека ова се случуваше во период на летни одмори и отсутво на позначајни промотивни активности за производот.
2. мБанка е единствен ваков производ во нашата земја кој нуди посебно прилагоден интерфејс за работа на таблети се со цел на оптимален начин да се искористи површината на екранот и да ја поедностави навигацијата и пристапот до услугите.
3. Наместо корисниците да имаат потреба од внесување на корисничко име и лозинка и дополнително да мораат да го носат нивниот сигурносен токен или уред за генерирање на кодови за една употреба, пристапот до состојбата и прометот на сметките како и вршењето на плаќањата и трансферите се изведува со PIN избран од страна на корисникот.
Во моментот, во месецот октомври 2014, секој ден во просек се активираат нови 35 мобилни уреди преку сајтот на Интернет банката. Заклучно со 21.10.2014, за користење на mBanka регистрирани се 3926 уреди и речиси исто толку корисници за пристап до состојбата и прометот на сметките како и користењето на услугата за вршење на трансфери и плаќања.
Фактор: Секогаш кога размислуваат за некоја форма на електронско или мобилно банкарство, граѓаните се загрижени најмногу заради безбедноста на системот. Колку овој систем е сигурен и дали се можни злоупотреби?
Д. Живаљевиќ: Заштитата од неовластен пристап и вршење на трансфери е поставена на највисоко можно ниво со вградување на софтверски генератор на кодови. Пристапот до овој вграден генератор е заштитен со стандардна криптографија согласно на најдобрата светска пракса и истиот се врши со помош на PIN кој го избира и знае единствено само корисникот. Со други зборови, во мБанка е имплементирано истото ниво на заштита кое веќе функционира на WEB сајтот на Интернет банката за физички лица и во кое, во своето 8 годишно постоење, нема ниту еден пријавен сигурносен инцидент од страна на нејзините корисници.
Корисниците преку сајтот на Интернет банката можат за секој регистриран уред одделно да поставуваат и да менуваат дневни и месечни лимити за безготовинските трансфери. Дополнително во самата апликација се вградени техники за откривање на сигурносно компромитирани уреди односно т.н. рутирани и jailbreak-увани уреди при што аликацијата по автоматизам го ограничува видот и обемот на услугите на ваков тип на уреди.
Сигурноста има и една друга страна, а тоа е сигурноста на податоците што ни ги доверуваат клиентите со симнување на апликацијата. Сакам да нагласам дека Комерцијална банка нема никаков пристап до телефонскиот именик и другите лични податоци за корисникот. Се разбира, треба да ја има вашата локација, за да ви ги понуди најдобрите можни услуги и најточните податоци за достапни банкомати во Ваша близина, на пример. Но, употребата на овие податоци подлежи под строга контрола и досега сме немале никакви поплаки.
Фактор: Што доколку дојде до злоупотреба? Како треба граѓаните да реагираат и како да се заштитат?
Д. Живаљевиќ: Во случај на губење на уредот, корисникот преку сајтот на Интернет банката истиот може далечински веднаш да го оневозможи за понатамошно користење и да ја спречи можната злоупотреба. Дополнително во Општите услови за користење на корисниците им се даваат конкретни насоки како да се грижат за сигурноста на нивните мобилни уреди и се советуваат максимално да го избегнуваат заменувањето на оригиналниот фабрички софтвер со софтвер изработен од трета страна односно да не ја користат мБанка на потенцијално сигурносно компромитирани уреди, или поинаку кажано, уреди кои се рутирани или jailbreak-увани. Наспроти фактот што во практична смисла не е можна злоупотреба на мобилен уред со оригинален фабрички софтвер заради сите претходно наведени дополнителни мерки за заштита вградени во мБанка, доколку хипотетички се случи ваква злоупотреба, корисникот веднаш, без одлагање, треба да го деактивира користењето на мобилната апликација преку сајтот на Интернет банката и случајот да го пријави во HelpDesk-от на Банката.
Фактор: Како mbanking концептот на Комерцијална банка ќе се развива во иднина? Каде се можни подобрувања?
Д. Живаљевиќ: Во моментот мБанка ги има имплементирано преку 90% од најкористените услуги на Интернет банката за физички лица. Во наредниот период Банката планира да ги доимплементира преостанатите услуги кои во моментот можат да се користат само преку WEB сајтот на Интернет банката. Секако во блиска иднина, до крајот на годината, планираме и суштински производот да го збогатиме со нови дополнителни иновации кои би сакале да ги оставиме како едно убаво и пријатно изненадување за нашите ценети корисници. Во духот на корпоративните вредности на Банката, целта на проектниот тим на мБанка и Интернет банката пошироко, никогаш не била да се биде прв, туку со мБанка суштински да се допре до секојдневните животи на сите наши корисници и со иновациите, врвниот квалитет и постојаната потрага кон совршенството, да се биде и да се остане најдобар.
Б.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





