16 Мај, 2024
0.0273

БАНКАРСКИ ПРОДАЖБИ: Дали и како швајцарски фонд ќе ја купи грчка “Алфа банка“?

Објавено во: Финансии 13 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Продажбата на “Алфа банка“ е сензитивно прашање, но конечната одлука ќе биде во интерес на банкарскиот сектор“ - коментираат од Народната банка. Операцијата за сопственички промени заврши и пред Комисијата за заштита на конкуренцијата. Заинтересираниот купувач, швајцарскиот “Силк роуд капитал аг“ со седиште во Цирих, не е банка но превзема и купува удели во банките. Дали стариот акционер ќе биде заменет со нов, посилен – ова според експертите е клучно прашање за оваа идна банкарска транскација која веќе е во фокусот на домашната јавност поради “консултантската“ поврзаност на фондот со Владата. Кој ја купува “Алфа банка“ ? Конечниот збор за продажба на “Алфа банка“ ќе го каже Народната банка. Во очекување на одлуката, односно дозволата за промена во сопственоста, од НБМ се воздржуваат од коментар и кратко велат: “Не би коментирал овој процес, станува збор за сензитивно прашање, сите активности и одлуки ќе бидат базирани со цел да се зајакне банакрскиот сектор“. Додека се чека “виза“ од Народната банка за спроведување на банкарската транскација за продажба на грчка “Алфа банка“ на швајцарски ““Силк роуд капитал аг“, домашната експертска јавност посочува дека клучно прашање при секоја ваква сопственичка промена е дали стариот акционер се заменува со нов, посилен и постабилен. “Основно прашање е дали во една банка влегува подобар или полош купувач, односно мора да се обезбедат целосни и детални информации за идниот акционер, што е условено со многу критериуми. Ние и досега имавме пракса инвестициски фондови да покажат интерес за влез во банкарскиот сектор, но тие операции не без одобрени. Сметам дека генерално фондовите не се толку силни како банкарски групации кога станува збор за банкарски сопственички превземања“, вели за “Фактор“ поранешниот гувернер Петар Гошев. Според домашната регулатива, Народната банка го кажува последниот збор, односно таа мора да ја одобри промената на сопственоста во банкарскиот сектор, како и да даде согласност за новите менаџери. Швајцарски фонд со “консултантски“ релации во Владата….  Операцијата за превземање заврши и пред Комисијата за заштита на конкуренцијата до акде е претено известување за концентрација. Еве што од страна на Комисијата за заштита на конкуренција е посечено како основна деловна активност на засегнатите во постапката за сопственички промени: “Силк роуд капитал аг“ со седиште Фрахјофштрасе 22, ЦХ 8 700, Цирих, Швајцарија и предмет на работење: стекнување на акции и удели во банки и финансиски институции во Швајцарија и во странство, управување со финансиски средства и недвижности и советува за такви активности како услуга, може да поседува и наследува патенти и лиценци и тргува со стоки од било каков вид, финансира корпорации, наследува и стекнува земја како и удели во корпорации“, се посочува во известувањето испратено до Комисијата за заштита на конкуренцијата. Зошто грците си заминуваат ? Според експертите, одлуката на грчката “Алфа банка“ за продажба на својата испостава во Македонија е правно законска и нема ништо спорно, а како причина се оценува отсуството на бизнис интесрес да работата на македонскиот пазар, пред се поради најверојтната слаба кредитна активност. Продажбата на “Алфа банка“ го привлече вниманието на јавноста откако дел од медиумите обајвија “консултантска“ повразаност на идните можни акционери со Владата. Имено. претседател на Управниот одбор на швајцарскиот фонд е Анисур Рахман Кан, основач на компанијата „Лонестеп Гмбх“која пак, од Владата била избрана за консултант за воспоставување на слободната финансиска зона во Македонија. Овој проект, најавен на голема врата, проследен со бројни реакции, се стави под “мраз“. Алфа банка Скопје е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата, под името Кредитна банка Скопје. Во 2000 година Алфа банка - Атина го откупи управувачкиот пакет акции и стана доминантен акционер во банката а две години подоцна грчката банка стана 100 % сопственик. Р.Ф.  

Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка