Добивај вести на Viber
Банката на Кипар ќе отпише 47,5 отсто од неосигураните делови од банкарските влогови, поголеми од 100 илјади евра, се договорија претставници на кипарското Министерство за финансии, Централната банка на Кипар и тројката меѓународни доверители на разговорите во Никозија, објавија денеска Атинската новинска агенција.
Претходно, во текот на санацијата на банките, 37,5 отсто од неосигурените депозити беа претворени во акции. Во согласност со новиот договор, 10 проценти исто така ќе бидат конвертирани, 5 отсто ќе бидат претворени во акции, а 5 отсто ќе бидат претворени во конвертибилни обврзници (CoCos). По постигнувањето на согласноста за размерот на „дотерувањето" претстои определување на следните чекори со коишто Бенката на Кипар ќе биде исклучена од режимот на консолидација на капиталот. Конкретно, мора да се донесе одлука што ќе се прави со остатокот од депозитите.