05 Декември, 2025
0.0322

БАНКИ: Фирмите ги топат заштедите, кредитирањето расте!

Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2015 07:50

Добивај вести на Viber

Вкупната депозитната база во банките е во пораст, но повторно, во септември е регистриран пад на шедењето на компаниите. Имено, за еден месец, или во однос на состојбата во август, депозитите се намалиле за скоро 50 милиони евра. Штедењето на населението е во пораст. Во деветтиот месец од годинава, вкупната кредитна задолженост изнесувала 4,3 милијарди евра, пришто депозитната база и натаму ја надминува кредитната изложеност. Штедење: депозитите на граѓаните во пораст, на фирмите во пад ... Најновите септемвриски податоци покажуваат дека вкупниот депозитиен потенцијал во деветтиот месец во споредба со август е во пораст. Имено, во септември салдото на депозитната база изнесувало 4,7 милијарди евра, со раст од 5,4 милиони евра на месечно ниво. Сепак, овој симболичен раст се толкува како резултат на тендот на намалување на депозитите на фирмите. Така, само за еден месец, од август до сепетември, штедењето на компаниите се намалило за скоро 50 милиони евра. Депозити на компании: Септември 2015        1 029 756 097 евра Август 2015                1 078 113 821 евра Пад на штедењето на компаниите, Народната банка регистрираше и во однос на јануари, пришто намалувањето изнесува речиси 30 милиони евра. За разлика од депозитите на фирмите, штедењето на граѓаните е во пораст. Депозитите на секторот “население“ во деветтиот месец имале салдо од 3,3 милијарди евра со пораст од 24 милиони евра на месечно ниво. Во споредба со состојбата во јануари, депозитната база на домаќинствата е заголемена за скоро 47 милиони евра. “Остварувањата кај вкупните депозити заклучно со септември се послаби од проектираните, при што на годишна основа се повисоки за 5,7 проценти што е значително послаб раст од проектираниот. Годишната стапка на раст на вкупните кредити во септември изнесувала 8,9 проценти и е малку пониска во однос на проекцијата. Во однос на депозитниот потенцијал, првичните податоци заклучно со септември покажуваат минимално зголемување, при раст на депозитите на населението“, соопштија од Народната банка. Од аспект на валутната структура, во септември е регистриран раст и на денарското и на девизното штедење, но и натаму во структурата со 59% учествуваат депозитите во домашна валута. Кредитирање: расте задолженоста на граѓаните и на фирмите.. За еден месец, од август до септември кредтната изложеност на банките се зголемила за 37,5 милиони евра. Кредитирањето е во пораст и во деветтиот месец достигна скоро 4,4 милијарди евра. Кредитна изложеност: Септември 2015        4 365 349 593 евра Август 2015                4 327 788 617 евра Според податоците, во пораст се кредитите и со денрска и со девизна клаузула. “Најголем удел во растот на вкупните кредити на нефинансиските субјекти во вториот квартал од 2015 година имаа кредитите на домаќинствата41. Имено, кредитната поддршка на банките кон домаќинствата е значително зголемена (за 4.600 милиони денари, или за 4,4%), при што кварталната стапка на раст е највисока во изминатите неколку години, односно во периодот по отпочнувањето на финансиската криза“, се посочува во новата анализа на Народната банка посветена на банкарскиот систем. Вкупната кредитна задолженост на граѓаните изнесувала 1,9 милијарди евра додека на компаниите била 2,4 милијарди евра. Кредити на население  1 917 463 414 евра Кредити на компании    2 418 487 804 евра Од аспект на рочнoста, долгорочното кредитирање и понатаму  доминира во  целокупното квартално зголемување на вкупните кредити на нефинансиските субјекти, а позитивно придвижување бележат и кредитите на краток рок, наспроти падот забележан во првото тримесечје.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката