29 Април, 2024
0.0255

БАНКИ: Какви ќе бидат условите за кредитирање?

Објавено во: Финансии 22 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Се зголемува бројот на банкари што очекуваат намалување на побарувачката на кредити од страна на населението во првите три месеци од годинава. Имено, анкетата на Народната банка за кредитната активност покажува дека 11,3% од менаџерите на банките изјавиле дека во овој период побарувачката делумно ќе се намали, додека 49,8% сметаат дека таа ќе остане непроменета а 39% дека делумно ќе се зголеми. Овие очекувања на банкарите што ги искажале во последниот квартал од лани се различни од очекувањата во третиот квартал, кога поголем дел од нив изјавиле дека побарувачката делумно ќе се зголемува. Анализирано по видови на кредити, банкарите исто така сметаат дека ќе се намали побарувачката за станбени и за потрошувачки кредити. Делумно намалување на побарувачката: За станбени кредити           7,4% За потрошувачки кредити  20,8% Во основа ќе остане непроменета: За станбени кредити            63,1% За потрошувачки кредити    16,3% Споредбата на оценките на банкарите покажува дека расте бројот на оние што сметаат дека побарувачката на кредити за населението ќе се намалува, додека се топи бројот на банкари кои сметаат дека таа ќе расте. Во исто време, анкетата покажува дека во првиот квартал од годинава се очекува и заострување на условите за кредитирање. Имено, 17,9% од менаџерите на банките кажале дека очекуваат делумно заострување на условите за кредитирање, за разлика од оценките во третиот квартал од лани, кога вакви очекувања и оценки немало. Услови за кредитирање: Делумно ќе се заострат     17,9% Ќе останат непроменети     50.3% Делумно ќе се олеснат       31,9% Според банкарите, делумно заострување на условите за кредитирање се очекува и кај станбените и кај потрошувачките кредити. Така, 20,8% од нив изјавиле дека очекуваат делумно заострување на условите за станбени кредити а 28,2% за потрошувачките кредити. Најголем дел од менаџерите на банките, или 96%,  оцениле дека во последните три месеци промените во монетраната политика незначително или воопшто не влијаеле врз каматната политика на банките во секторото население. Кредити за компаниите .... Ќе расте побарувачката за кредити во приватниот сектор. Додека банкарите Очекуваат намалување на побарувачката за кредити кај населението, тоа не е случај и со кредитите за фирмите. Имено, истражувањето на НБРМ покажало дека во првиот квартал пораснал бројот на банкари што очекуваат делумно зголемување на побарувачката на корпоративни кредити. Побарувачка на кредити за фирми: Ќе остане непроменета 40,9% Делумно ќе се зголеми  59,2% Значително ќе се зголеми                 / Овие очекувања што ги дале банкарите во последниот кватал се различни од оние што ги дале во третиот квартал, кога 1,8% од банкарите изјавиле дека очекуваат значително зголемување на побарувачката а поголем бил бројот на оние што очекувале делумно олеснување на условите за кредитирање. Анализата покажува дека ќе расте побарувачката и од секторот на мали и средни фирми, но и од големите компании. Така, 62,3% од банкарите очекуваат делумно зголемување на побарувачката од малите и средни фирми а 59,2% од менаџерите очекуваат делумно зголемување на побарувачката од големите компании. Според банкарите, приватниот сектор ќе ја зголеми побарувачката за долгорочни кредити. Во првиот квартал од годинава, пораснал и бројот на менаџери кои оцениле дека ќе се олеснат условите за кредитирање во овој сектор. Услови за кредитирање: Ќе останат непроменети      39,2% Делумно ќе се олеснат         59,1% Значително ќе се олеснат      1,8% Повеќе од двојно се зголемил бројот на банкари кои оцениле дека олеснување на условите за кредитирање на малите и средните фирми, или 59,1% дале ваква оценка. Кај кредитите за поголемите претпријатија нема значајни промени во оценките, имено 70,4% од менаџерите на банките изјавиле дека условите за кредитирање ќе останат непроменети. Народната Банка во својот најнов извештај констатираше дека во последниот квартал од лани е регистрирана зголемена кредитна поддршка за компаниите, при што кварталната стапка на раст на на крајот на декември изнесувала 3,6%. На годишна основа, според мерењата на НБРМ, стапката на кредитната активност  изнесувала 10%. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување