28 Април, 2024
0.0272

БАНКИ: Ќе олеснуваат условите за кредитирање!

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

2017 година стартува со зголемена побарувачка на кредити од страна на компаниите, но со забавено темпо кај населението. Банкарите очекуваат и најавуваат олеснување на условите за кредитирање  и за фирмите и за граѓаните.

Побарувачката за кредити ќе расте, какви ќе бидат условите?

Една третина од банките во последниот квартал од 2016 година укажале на олеснување на условите за кредитирање на компаниите, а како клучни услови за тоа се посочени конкуренцијата и ликвидносната состојба на банкарските групации. Според очекувањата на банкарите и  почетокот од оваа 2017 година ќе стартува со олеснување на  условите за одбрување на кредити и со натамошен раст на побарувачката. Кај фирмите се очекува посилно темпо на зголемување на побарувачката на кредити, додека кај населението забавување. 

“Очекувања за првиот квартал на 2017 година: натамошно нето-олеснување на кредитните услови и раст на побарувачката на корпоративните кредити на нето-основа, слично како и во минатата анкета. Очекувања за првиот квартал на 2017 година: натамошно нето-олеснување на вкупните кредитни услови, при нето-зголемување на побарувачката на кредити, но умерено послабо во споредба со претходната анкета“ – се наведува во новообјавената Анкета за кредитна активност што ја спроведе Народната Банка.

Дел од банкарите за “Фактор“ коментираа дека 2016 година, со оглед на политичката незвесност и изборите, сепак ја сметаат за успешна. Потрошувачките и станбените кредити останаа најатрактивни за населението. Така на крајот од 2016, граѓаните по сите основи на банките должеле колу  2,1 милијарди евра. Најголем дел од овој долг отпаѓа на потрошувачките кредити.

“И покрај вкупната неизвесност поради политичката криза, и во годината што измина беше регистрирана зголемена побарувачка за потрошувачки кредити. Во одредени периоди беше регистриран тренд на еден вид воздржаност, но сепак имаше раст на побараувачката кај овој вид на кредитни пакети. Секако, во пораст беа и станбените кредити, за кои банките нудат актрактивни камати“, коментираа банкари од една од водечките банкарски групации за “Фактор“.

За населениото, ланската 2016 година зваршува со олеснети услови на кредитирање, но не и за станбените кредити.

“Во последното тримесечје на 2016 година се забележува натамошно нето-олеснување на условите за одобрување на вкупните кредити на населението, со посилно темпо во однос на претходните три анкети. Ова засилување главно е резултат на поголемиот процент банки коишто укажуваат на олеснување на кредитните услови кај потрошувачките кредити. Кај станбените кредити, не се забележува промена во однос на претходната анкета, при што и понатаму мал процент на банките укажуваат на олеснети кредитни услови, додека најголемиот дел (околу 92% од банките) укажуваат дека условите и понатаму се непроменети“- оцениле банкарите.

Во следниот период, 75,1% од банкaрите сметаат дека условите за кредитирање на населениото ќе останат непроменети додека 24,8% очекуваат делумно ослеснување.

Кредитирање на компании…

Во оваа 2017 година, според очекувањата и оценките на банкарите, ќе се зголеми побарувачката на корпоративни кредити, но последниот квартал од 2016 година завршил со двојно послаба побарувачка во споредба со оценките во претходната анкета.

“Оценетото нето-зголемување на побарувачката на кредитите на претпријатијата во четвртиот квартал е послабо во споредба со очекуваното во рамки на претходната анкета, но е умерено посилно во споредба со просечниот раст за првите три квартали на годината. Во наредниот период, банките упатуваат на натамошен раст на вкупната побарувачка, слично како и во претходната анкета“ – велат од НБМ.

Како клучен фактор за зголемената побарувачка на кредити било преструктурирањето на долгот, а потоа инвестициите во залихи и обратен капитал и инвестициите во основни средства.

Кредитната задолженост на фирмите на крајот од 2016 година изнесувала 2,3 милијарди евра.

Поголем дел од  банкарите сметаат дека монетраната политика на НБМ  имала незначително влијание врз кредитните политики. 

“Од аспект на влијанието на промените во монетарната политика, најголемиот дел од банките 86% укажуваат на незначително влијание на монетарната политика врз кредитните одлуки. Во споредба со претходната анкета, се забележува умерен раст на бројот на банките коишто упатуваат на незначително влијание на промените на монетарната политика врз каматната политика на банката на сметка на помалиот број банки коишто оценуваат дека монетарната политика делумно влијаела врз нивната каматна политика при одобрување корпоративни кредити“ – изјавиле банкарите во новата спроведена анкета. 

На крајот од 2016 година, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала околу  4,4 милијарди евра. На годишно ниво е регистриран пораст. Во валутната структура, со 3,3 милијарди евра доминираат денарските кредити а 800 милиони евра се кредити со девизна клаузула.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување