Добивај вести на Viber
Вкупно шеснаесет банки во Македонија во првите шест месеци од годинава освариле добивка од 18,6 милиони евра (1.147 милиони денари). Оваа добивка е повеќе од тројно поголема од добивката остварена во истиот период минатата година.
„Причина за зголемената добивка се намалените каматни расходи и намалената исправка на вредноста на финансиските средства (кредитите) на банките, и покрај забрзаниот раст на исправката на вредноста на нефинансиските средства (преземениот имот). Показателите за профитабилноста се значително подобрени, а зголемена е и оперативната способност на банките за создавање приходи коишто ги покриваат расходите од нивното работење. Во споредба со јуни 2013 година, бројот на банките коишто остварија добивка и нивното учество во вкупната актива на банкарскиот систем се непроменети (девет и 67,8% , соодветно), стои во објаснувањето на НБРМ за првото полугоди од годинава.
Во првото полугодие од годинава, вкупните приходи на банките (вкупни редовни приходи и вонредни приходи) достигнаа 150 милиони евра (9.169,5 милиони денари), што е повеќе за 4,7 милиони евра (292,5 милиони денари) или за 3,3% во споредба со истиот период минатата година.
„Најголем придонес во зголемувањето на приходите на банките има порастот на нето каматниот приход (за 5,3 милиони евра или за 331,6 милиони денари, што е5,6%), којшто, пак, се должи на посилното годишно намалување на расходите од камати од намалувањето на приходите од камати“, стои во објаснувањето на НБРМ.
Односно, банките за првите шест месеци од годинава имале нето-приходи од камати во износ од 101,3 милиони евра, додека лани изнесувале 95,9 милиони евра.
Раст има и кај нето–приходите од провизии за 6,0%. Односно, банките од почетокот на годината па до крајот на јуни имаат нето-приходи од провизии во износ од 32,6 милиони евра, а лани во истиот период имале 30,7 милиони евра.
Инаку, во првото полугодие од ова година вкупните приходи од камати се намалени за 2 милиони евра или за 123,4 милиони денари. Па така, вкупните приходи од камати, од почетокот до крајот на јуни годинава изнесува 160 милиони евра, а во истиот период лани изнесува 162 милиони евра вкупни приходи од камати.
„Приходите од камати од нефинансиските друштва на годишна основа се помали (за 75,0 милиони денари, или за 1,7%), главно поради надолниот тренд на активните каматни стапки, додека намалувањето на приходите од камати од финансиските друштва (за 69,1милион денари,или за 9,1%),во целост се должи на намалените приходи од камати од задолжителната резерва“, стои во објаснувањето на НБРМ.
При тоа, минатата година банките оствариле 60,2 милиони евра приходи од камата од домаќинствата, а годинава оствариле приход од 62 милиони евра од камата од домаќинствата .
„Од друга страна, забрзаниот кредитен раст кон секторот „домаќинства“, овозможи приходите од камати од домаќинствата да се зголемат за 109,9милиони денари, или за 3,0%, и покрај тоа што каматните стапки на кредитите на домаќинствата и понатаму опаѓаат. И каматниот приход од останатите субјекти во првите шест месеци од годината порасна (за 37,2милиони денари, или за 4,5%), генерално заради зголемените вложувања на банките во државни хартии од вредност,објаснуваат од НБРМ.
Н.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: