22 Јануари, 2025
0.0357

Банките додаваат „ветар во грб“ на финансиските пазари

Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Неделата со која започна сезоната за објавување на деловните резултати помина прилично мирно до средата. Во средата учесниците на американската берза ги развесели најголемата американска банка JPMorgan Chase, која додаде оптимизам на американските акции.

Главните американски берзански индекси ја завршија неделата со значително повисока вредност, закрепнувајќи од падот на крајот од минатата недела. Особено беа поволни за сопствениците на американските банкарски акции, кои обезбедија рекордни деловни резултати. JPMorgan Chase ги зголеми приходите за 10 % споредено со претходната година, главно поради силните перформанси на Волстрит и повисоките нето приходи. Приходите од тргувањето со должнички хартии од вредност пораснаа за 20 %, тргувањето со акции за 22%, а приходите од инвестициското банкарство за 49%. Извршниот директор на банката Џејми Дајмон по објавувањето на резултатите изјави дека американската економија останува отпорна, поддржана од ниската невработеност и силната потрошувачка. Тој предупреди на два важни ризици, а тоа се геополитичкиот, кој според него е најопасен и најкомплексен по Втората светска војна и на постојаната инфлација. Тој, исто така, го истакна влијанието на победата на Доналд Трамп, што може да донесе регулаторно олеснување, што ќе внесе дополнителен оптимизам на пазарот.

Инвеститорите ги поздравија податоците за декемвриската инфлација на американското Министерство за труд. Иако вкупната инфлација покажа забрзување во однос на ноември, базичната инфлација (без храна и енергија) порасна за само 0,2% во декември, нешто помалку од претходниот месец и најмал месечен пораст од јули. Забави и годишната базична инфлација, која падна на 3,2% од 3,3% во ноември. Овие податоци веројатно нема да бидат доволно убедливи за американската централна банка (ФЕД) да ги намали каматните стапки на претстојниот состанок во јануари. Сепак, бројките во декември даваат оптимизам дека ФЕД продолжува да постигнува напредок во намалувањето на инфлацијата по неколкумесечни највисоки нивоа, оставајќи ја вратата отворена за можни намалувања на каматните стапки подоцна во годината.

На европско тло Германија втора година по ред се соочи со пад на економската активност од 0,2 %. Ова е првпат од 2000 година германската економија да се соочи со висока невработеност. Проблемите на германската економија се бараат во кризата на најголемиот германски производител Фолксваген. Во декември, автомобилскиот гигант објави големи промени во своето работење во Германија, кое вклучува укинување на повеќе од 35.000 работни места и план за пренос на дел од производството во Мексико. Како и Фолксваген, така и Германија се соочува со високи трошоци за работна сила, слаб раст на продуктивноста и конкуренција од Кина. Таа, исто така, повеќе не може да се потпира на силната побарувачка за својот извоз во втората по големина економија во светот, бидејќи Кина сè повеќе произведува производи што некогаш ги увезувала од самата Европа.

Кинеските акции пораснаа бидејќи економијата се подобри и покрај постојаните дефлациски притисоци. Шангајскиот Composite Index порасна за 2,06 %. Кинескиот БДП порасна за 5,4 % на годишно ниво во последниот квартал, надминувајќи ги очекувањата и растот од 4,6% во третиот квартал. На квартална основа, економијата порасна за 1,6 %, во однос на ревидираниот раст од 1,3 % во претходниот квартал. Така, Кина ја исполни целта за годишен економски раст над 5 %, поставена од Пекинг.

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини - од тинејџерска шега до општествен феномен

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини - од тинејџерска шега до општествен феномен

ДАНОЧНА ИЗМАМА ТЕШКА НАД 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ - финансиска полиција гони компанија од Скопје, еве ги деталите

ДАНОЧНА ИЗМАМА ТЕШКА НАД 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ - финансиска полиција гони компанија од Скопје, еве ги деталите

ГОДИНА ВО КОЈА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАУЧИЈА ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, И ДОБРО ИМ Е - лани раст на граѓанските влогови во домашна валута за 634 милиони евра

ГОДИНА ВО КОЈА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАУЧИЈА ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, И ДОБРО ИМ Е - лани раст на граѓанските влогови во домашна валута за 634 милиони евра

КАКВО „ЗЛАТО“ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - со блокови и редовно вчера направен промет од над 700 илјади евра

КАКВО „ЗЛАТО“ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - со блокови и редовно вчера направен промет од над 700 илјади евра

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СКОРО 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат повисоки плати, а каде се намалени

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СКОРО 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат повисоки плати, а каде се намалени

ПЛАТЕНИ СЕ 716 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 1,17 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА УНИ БАНКА - кој е купувачот во двата блока

ПЛАТЕНИ СЕ 716 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 1,17 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА УНИ БАНКА - кој е купувачот во двата блока

ПАРА НА ПАРА ОДИ: Најбогатите станаа уште побогати, еве за колкава сума

ПАРА НА ПАРА ОДИ: Најбогатите станаа уште побогати, еве за колкава сума

ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП Е НАЈСКАПАТА ВО ИСТОРИЈАТА! Ги сруши сите рекорди, а овие три гиганти дадоа повеќе од милион долари

ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП Е НАЈСКАПАТА ВО ИСТОРИЈАТА! Ги сруши сите рекорди, а овие три гиганти дадоа повеќе од милион долари

„ОПСТАНОК НА НАЈБОГАТИТЕ“: Оксфам утврди дека најтешките 1 процент приграбиле двојно повеќе богатство од остатокот од светот

„ОПСТАНОК НА НАЈБОГАТИТЕ“: Оксфам утврди дека најтешките 1 процент приграбиле двојно повеќе богатство од остатокот од светот