05 Декември, 2025
0.1585

Банките и компаниите мора да го намалат јазот меѓу понудата и побарувачката на пари!

Објавено во: Финансии 30 Септември, 2014 09:23

Добивај вести на Viber

Во услови кога банките внимаваат да бидат истовремено ликвидни, солвентни и профитабилни, од клучно значење за нив е да имаат квалитетно кредитно портфолио, односно минимален процент на нефункционални кредити. пишува Тања Мицалевска, Стопанска Банка Битола Конкурентноста на ниво на земја значи  раст на животниот стандард на населението во домашната економија при истовремено постигнување на атрактивност на домашните производи и услуги  на меѓународниот пазар. Значењето на конкурентноста за просперитет и развој е прифатено од речиси сите земји во светот, и тие имплементираат програми и мерки за зголемување на растот, вработеноста на одржлива основа. Во Македонија исто така се повеќе се потенцира прашањето за конкурентноста на земјата, и за таа цел во изминатиот период беа спроведени бројни реформи на политичката и економската сцена во државата. И покрај тврдењата дека конкурентноста може да се постигне преку намалување на трошоците, воедно и платите како трошок, или преку промени во девизниот курс, таквата политика може да биде ефективна на краток рок. На долг рок, односно одржлива конкурентност може да се постигне само преку зголемување на конкурентноста на клучните сектори, односно на конкурентноста на компаниите во рамките на тие сектори. Најголем дел од компаниите во Република Македонија се мали и средни бизниси. Од таа причина подобрувањето на условите за водење бизнис во земјата како подобрувања во регулативата и финансискиот сектор е клучен фактор за конкурентноста. Промените од регулаторна природа се однесуваат на намалување на бирократските и административните процедури кои во голема мера се редуцира со имплементацијата на таканаречената регулаторна гилотиња. Степенот на подобрување во финанскиот сектор од аспект на транспарентност, заштита на правата на клиентите и на финансиските институции, достапност на различни финансиски инструменти го детерминира пристапот до финансиски средства за компаниите. Транспарентноста во голема мера е подобрена со функционирањето на кредитниот регистар каде финансиските институции можат да се информираат за кредитната историја на кредитобарателите, односно дали истите се задолжени на повеќе места и дали навреме ги исплаќале обврските врз основа на кредити. Кога станува збор пак за изворите за финансирање, може да се каже дека изборот е ограничен и главно се потпира на банкарските кредити. Тоа е резултат на слабата развиеност на пазарот на капитал, на микрофинансирањето и отсуството на алтернативни начини за финансирање. Во такви услови, постои јаз помеѓу понудата на финансиски средстава и побарувачката на истите. Се наметнува прашањето зошто би постоел гап, кога компаниите имаат потреба од финансии, а банките се стремат да ја зголемат кредитната активност и на тој начин да ги зголемат своите профити. Одговорот не е едноставен, но овој јаз може да произлезе како последица на  тоа што побарувачката и понудата на кредитни производи не е доволно експлицитна. Од една страна постојат бројни тврдења од страна на менаџерите на деловните субјекти дека банките немаат соодветна понуда, дека не излегуваат во пресрет на компаниите, дека кредитите се врзани со премногу долги процедури. Од друга страна, банките се соочуваат  со проблемот на нефункционални кредити, односно кредити чија отплата касни над 90 дена. Причините за нефункционалните кредити се различни, почнувајќи од привремена намалена ликвидност на клиентите на банката, па се до постоење на реални проблеми во работењето на клиентите како редуциран или изгубен пазар, намалена добивка, работење со загуба и сл. Нефункионалните кредити се штетни и за компаниите и за банките. За компаниите се лоши во оној момент кога во недостиг останати можности за наплата, банките, преминуваат кон мерки од типот на активирање на обезбедувањето. На банките, пак, нефункционалните кредити им влијаат негативно врз профитабилноста, ликвидноста и адекватноста на капиталот на банките, особено бидеќи минималното ниво на адекватност на капиталот и ликвидност претставува законска обврска. Во услови кога банките внимаваат да бидат истовремено ликвидни, солвентни и профитабилни, од клучно значење за нив е да имаат квалитетно кредитно портфолио, односно минимален процент на нефункционални кредити. Во Република Македонија, на ниво на банкарски систем, големината на нефункционалните кредити во однос на вкупните кредити на нефинансиски субјекти во вториот квартал на 2013 година изнесуваше 12,3, а во вториот квартал на 2014 година се намали на 11,8. Намалувањето е воглавно резултат на мерките кои се преземаа од страна на банките меѓу кои мониторинг на кредитното портфолио, реструктурирање на кредитите кај клиентите кои се соочија со проблеми при враќање на истите и сеопфатни кредитни анализи за новоодобрените кредити. Во последниот период, сведоци сме на поголема кредитната активност која е стимулирана и од ниските каматни стапки, и за разлика од 30.06.2013 кога вкупната кредитна изложеност на банкарскиот систем била 373.640 милиони денари, на 30.06.2014 е зголемена за 400.338 милиони денари.  За банките зголемената кредитна активност значи потенцијална зголемена добивка, но истовремено и зголемен кредитен ризик. Притоа, се јавува потреба за менаџирање со кредитниот ризик односно воспоставување на критериуми за одобрување на кредити, следење на кредитната способност на клиентот,  следење на поврзаноста меѓу клиентите, динамиката со која ги подмируваат обврските. Зголемената кредитна активност ќе влијае позитивно врз конкурентноста на земјата, само доколку банките квалитетно ја извршуваат својата алокативна функција, односно доколку паричните средства се пласирани во рацете на бизнисите кои ќе ги искористат истите најпродуктивно. На крај, конкурентноста на ниво на земја може да се постигне преку зголемување на конкурентноста на нејзините компании, а финансиските институции можат да го забрзаат овој процес преку воспоставување на однос со компаниите каде не ги третираат само како клиенти туку и како деловни партнери. Тоа значи дека освен финаниската поддршка, банките мора да го зголемат нивото на консултантска поддршка уште при одобрувањето на кредитот и креирањето на бизнис планот, како и при имплементацијата и реализацијата на истиот. Компаниите пак, потребно е да имаат поголема доверба во банките, да се информираат за сите можности кои може да ги понудат банките, како во моментот на одобрувањето на кредитот, така и во моментот на плаќање на обврските.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката