16 Декември, 2025
0.6791

Банките ќе може да издаваат „вечна“ обврзница

Објавено во: Финансии 26 Јуни, 2018 11:10

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 2-рата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ Нора Алити донесе одлука банките да можат да издаваат нова хартија од вредност – перпетуална обврзница, со што се збогати понудата на македонскиот пазар на капитал со уште еден финансиски инструмент.

Тоа значи дека финансиските инструменти издадени од банка како капитални инструменти во форма на перпетуални обврзници кои можат да се вклучат во додатен основен капитал согласно Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот од НБРМ, да се сметаат за хартии од вредност. Овие обврзници немаат рок на достасување и затоа се перпетуални т.е. „вечни“.

Банката како издавач може да не исплаќа камати на перпетуалните обврзници и тие се субординирани во однос на сите други инструменти издадени од издавачот, освен во однос на обичните акции. Исто така, издавачот има дискреционо право да изврши отпис или конверзија на овие инструменти во други капитални инструменти, како и целосно или делумно да ги откупи или отпише овие хартии од вредност. Инаку, КХВ ваква одлука донесе откако беше доставена иницијатива за признавање на капитален инструмент како други хартии од вредност од страна на „УНИбанка“ АД Скопје заради како што наведуваат „исполнување на усвоениот бизнис план на Банката за 2018 година“.

На седницата, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде четири одобренија за издавање на хартии од вредност по пат на приватна понуда.

КХВ обнови и шест дозволи за работење на инвестициски советник и четири лиценци за брокер.


Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска