14 Декември, 2025
0.2126

БАНКИТЕ СЕ ВИСОКО КАПИТАЛИЗИРАНИ И ЛИКВИДНИ - НБМ не размислува да им ја ограничи исплатата на дивидендите

Објавено во: Финансии 07 Март, 2022 09:23

Добивај вести на Viber

Народната банка засега не размислува да ја ограничи исплатата на дивидендатата на македонските банки остварена во текот на минатата година.

Будно ја следат состојбата, велат, а за сите евентуални мерки што би ги презеле, јавноста ќе биде навреме информирана.

Ова е ставот на монетарната власт на прашањето на Фактор, дали, со оглед на силната воена криза меѓу Русија и Украина, што секако дека крајно неповолно ќе се одрази врз економската состојба во земјава, НБМ размислува повторно да побара од банките да не ја исплатуваат дивидендата остварена во минтата година.

Како што е познато, таква забрана веќе се случи минатата година, за дивидендата остварена во 2020 година, а како што тогаш објаснија од монетарната власт, целта билада се делува превентивно - за натамошно зголемување на отпорноста на банкарскиот систем и одржување на стабилноста, во услови на неизвесност и продолжени ефекти од кризата oд пандемијата на ковид19.

Но, како што е познато, оваа одлука на НБМ заврши и на Уставен суд. На крајот работата се финализираше така што Народна банка ја укина таа забрана, по што и Уставниот суд ја отфрли иницијативата за нејзино преиспитување.

Од НБМ за Фактор велат дека банките се високо капитализирани и ликвидни, и дека засега не се размислува за мерка за ограничување на дивидендите.

„Во моментот не се размислува за системска мерка со која би се ограничила исплатата на дивидендата на акционерите на банките. Според сите расположиви податоци, банките се високо капитализирани, ликвидни, а активата е квалитетна.  Исто така, редовните стрес-тестови покажуваат дека банките се отпорни на можни потреси“, потенцираат од НБМ.

Дополнително, како што додаваат од централната банка, директната изложеност на банките кон руската и украинската економија е минимална, додека руски и украински банки нема во државава.

„Народната банка, очекува, како и досега, банките да продолжат да се однесуваат внимателно во однос на планирање на идните капитални потреби. Впрочем, најголем дел од добивката во претходните години, банките ја реинвестираат“, потенцираат од НБМ.

Народната банка будно ги следи состојбите и доколку има потреба, ќе ги преземе сите неопходни мерки кои и стојат на располагање, велат од првата монетарна куќа во земјава.

Како што е познато, лани во февруари Советот на НБМ донесе одлука дека се до 30 септември 2021 година се ограничува исплатата на дивидендите во банките, поради продолженото влијание на ковид кризата, како превентивна мерка.

Банките оваа одлука на НБМ ја дадоа на Уставен суд, а тој во октомври лани донесе решение со кое ја отфрла Иницијативата за поведување на постапка за оценка на уставноста и законитоста на Одлуката на Народната банка за остварената добивка во 2020 година. Ова следуваше откако Хари Костов, првиот човек на Комерцијална банка заедно со други акционери на банката поднесоа иницијатива пред Уставниот суд. Но, додека да стигне на ред на разгледување во Уставниот суд, НБМ ја укина оваа забрана во август лани, па тоа е и причината што уставните судии решиле да ја отфрлат иницијативата. А банките кои имаа таква намера, си ја поделија дивидендата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари