19 Декември, 2025
0.0417

„БАРААТ 12 ЕВРА, САМО ЗА ДА ЛЕГНЕШ НА ЛЕЖАЛКА!“: Цените во Грција ги шокираа туристите

Објавено во: Финансии 05 Јуни, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Омилена летна дестинација на многу балканци со години е Грција. Иако е само јуни, плажите на оваа крајбрежна земја брзо се полнат. Голем број гости го избраа Неос Мармарас дури и пред официјалниот почеток на летната сезона. Сепак, она што ги пречека овие гости од Србија кои веќе заминале на летен одмор во Грција, беа повисоките цени во споредба со минатата сезона.

За време на предсезоната, минатата година, многу објекти дозволуваа користење на лежалки и чадори бесплатно - доволно беше да се нарача еден пијалок, како кафе или сок. Сепак, на почетокот на јуни, ситуацијата се промени - изнајмувањето сет, две лежалки + чадор, сега се наплаќа од 10 евра и нагоре, а на подобри локации до 20 евра.

- Пристигнавме на крајот на мај и сè беше како порано - кафе за 4 евра, лежалки бесплатно. Сега бараат 12 евра само за да легнете, а вие плаќате дополнително за пијалок.Разбираме дека и тие сакаат да заработат - вели Горан, турист од Крагуевац, за RINA.

И покрај малото зголемување на цените, туристите не се откажуваат од Грција, бидејќи цените се уште се пониски отколку во другите приморски земји, особено во Хрватска.

- Кафе или сок е околу 4 евра, оброк на плажа, сувлаки, гиро, бургер - околу 8 евра по лице. Семеен ручек во ресторан е околу 50 евра за 4 лица. Комплет лежалки и чадор чини од 10 до 20 евра дневно. Во Црна Гора или Хрватска, плаќам 3 евра за кафе, а келнерот ме гледа како да му должам пари. Во Грција, нарачувам еспресо за 4 евра и добивам насмевка, вода, колаче и цел ден на плажа. Нема дилема каде ќе го поминам летниот одмор - вели Марија од Белград.

Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми