18 Декември, 2025
0.0558

„БАРААТ ДА СЕ СКАРАМЕ СО СРБИТЕ“: Ванковска открива друг дел од извештајот на ЕУ, еве што и пречи на Европа!

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Професорката Билјана Ванковска вели дека во извештајот на ЕП, на Европа и пречи што Македонија е блиска со Унгарија, но и додава дека не им се допаѓаат блиските односи со Србија.
Чекајќи ја интегралната верзија на извештајот на ЕП, го издвојувам овој (геополитички) дел, кој има бизарна врска со Копенхагенските критериуми:

The Parliament is deeply concerned that North Macedonia and other EU accession countries in the Western Balkans are being particularly hard hit by foreign interference and disinformation campaigns. It is also alarmed by the roles of the Hungarian Government and the Serbian Government in advancing China’s and Russia’s geopolitical objectives, states the resolution.

Прво, нѐ обвинуваат за блиски односи со нивна полноправна членка (иако не многу популарна) - Унгарија.

Второ, од нас бараат “добрососедски односи” ама сакаат да се скараме со Србите, иако тие (божем) го поддржуваат и членството на Србија (и БиХ) во ЕУ.

Конечно, треба да се скараме и со Русија и со Кина - а тие развиваат односи на соработка со Кина особено поради царините на Трамп. Руски енергенси купуваат “под рака” со прокси.

За нас знам дека имаме власт која колку и да ја понижуваат, таа ќе им бакнува рака. Ама, ЕУ знае ли кај тера? И како мисли да го стабилизира Балканот со негова дестабилизација?

Заборавив да додадам нешто за ефектите врз внатрешната стабилност на Македонија: инсистирајќи на наводно влијание на т.н. Српски свет, ЕП директно ги поткопува меѓуетничките односи. Албанската заедница едвај дочека да викне: “фатете го крадецот (Србите ни се непријатели)”. Уставен суверенитет не постои кај нас од 2018, од миксот на европски и балкански методи како што сугерираше еврокомесарот Хан.

Балканскиот котел го меша Брисел. Големите европски сили нѐ третираат како парички за поткусурување“, вели таа.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери