Барате работа: На оваа земја и требаат работници за плата од 4.500 евра
Објавено во: Мои пари 20 Август, 2014
Европската канцеларија за вработување објави детален извештај во кој наведува дека на Норвешка и се потребни инжинери, наставници, медицински сестри, но и возачи на автобуси, готвачи и келнери, на кои во оваа уредна земја им се нуди просечна месечна плата од 4.500 евра.
Имено, на оваа скандинавска земја и се потребни инжинери, а посебно експерти за механика, електроника, автоматика, хидраулика и водовод, предшколски воспитувачи, наставници, посебно во областите на природните науки и математика, доктори по медицина и медицински сестри, псхолози, возачи на автобуси, таксисти, готвачи и келнери.
Компании во Норвешка кои во моментов бараат инжинери и експерти од различни профили се, помеѓу останатото Aker Solutions, FMC Technologies, Statoil, National Oilwell Varco, Kverner, Kongsberg Grupa, Aibel, Roksar и Fabricom.
Според наведувањата на EURES за престој во Норвешка потребно е да се пријавите за дозвола за престој во период од три месеци во локалната полициска станица во таа земја или откако странски државјанин ќе пронајде компетентно вработување. Странец може да остане во Норвешка шест месеци додека бара вработување.
Оваа земја е позната и по огромните резерви на сурова нафта и гас, а се вбројува и меѓу најголемите извозници на морска храна во светот. Бруто домашниот производ на Норвешка во момментот изнесува 56.920 долари, или 41.683 евра, по жител. На референдум во 1994 година граѓаните на Норвешка одбиле да и се приклучат на Европската Унија, а според неодманешната анкета 80 посто од Норвежаните не сакаат во ЕУ.
Истражувањата покажуваат дека условите за работа во Норвешка се меѓу најдобрите и најхуманите во светот. Работниците потпишуваат писмен договор кој подразбира три до шест месеци пробна работа пред потпишувањето на долготрајниот договор. Платата се исплатува на месечна основа, а вработените работат 37,5 часа неделна, односно 7,5 часа секој работен ден, а максимално 40 часа во неделата. Европската канцеларија за вработување во својот извештај наведува дека вработените во Норвешка во просек имаат 25 дена годишен одмор, а сите оние над 30 години старост имаат 30 дена годишен одмор кој е уредно платен. Просечната плата во оваа скандинавска земја е една од највисоките во Европа но и во светот. Така просечната месечна плата во Норвешка во моментот е околу 36.7000 норвешки круни, односно 4.384 евра. Десет одсто од најдобро платените жители на оваа земја во просек заработуваат околу 71.000 н.к. месечно, односно 8.541 евро, а десет одсто од најслабо платените жители во просек месечно заработуваат околу 22.600 нк или 2.460 евра. Сепак, EURES напоменува како храната во Норвешка во просек за 62 одсто е поскапа отколку во европските земји. На пример млеко, сирење, јајца и месо се околку 60 одсто поскапи отколку во остатокот од Европа. Рибата и морските производи не се скапи во однос на останатите прехрамбени производи. Норвежаните во просек за станарина и комуналии трошат 27 одсто од својата плата, 20 одсто за јавен превоз и автомобил, 18 одсто за храна и останати потреби во домаќинството и 12 одсто за одмор и рекреација. Според податоците на Обедиметите нации Норвешка е рангирана како земја со највиски просечни примања, најдолг животен век на жителите и најдобри услови за живот на нејзините граѓани. Повеќето жители на Норвешка поседуваат своја сопствена куќа. Така околу 90 одсто од брачните парови имаат своја куќа или стан. Просечната станарира во таа земја е околу 5.500 норвешки круни, односно 657 евра. Станарините во Осло и Ставангер се поскапи во однос на другите градови од оваа земја. Исто така, куќа со двор во Норвешка може да се купи во просек за околу 2.000.000 до 3.500.000 н.к, односно 238.900 до 418.120 евра. Неодамна властите на оваа земја сопштиле како секој жител на Норвешка станал милионер благодарение на државниот фонд во кој се слеваат средставата од нафта и гас. Централната банка на Норвешка, кој управува со фондот „Глобал“, кој е основан во 1990 година, соопшти дека средствата од тој фонд поради високите цени на нафтата и гасот пораснале на 5,11 билиони норвешки круни, одноно преку 828 милијарда долари, што е оклу милиони пати повеше од речиси шест милиони од вкупната популација на оваа земја. Така за прв пат во историјата на Норвешка се случува капацитетот на Фондот да достигне сума од милион круни по секој жител на таа земја.