Добивај вести на Viber
Наочекуван пад од 0,1 отсто забележа Бруто домашниот производ на Шведска во вториот квартал од годинава, објави локалната статистичка служба.
Аналитичарите, во анкетата на Ројтерс, предвидоа раст на шведскиот БДП од 0,1 проценти, но сепак го задржаа ставот дека државата и покрај забавувањето во економијата која се должи на финансиската криза се движи на патот кон закрепнување.
Економијата на Шведска е високо зависна од извозот, но во втората половина на минатата година тој почна да ги чувствува проблемите на своите соседи кои се соочуваат со последиците од должничката криза. Ова доведе Шведската централна банка да ги намали каматните стапки.
Прелиминарните податоци за економските движења во вториот квартал покажаа дека темпото на раст на БДП во периодот забави на 0,6 проценти, со раст од 1,7 отсто во првиот квартал на оваа година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.