Бебе се заразило преку крвта на мајката во плацентата
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Јули, 2020
Бебе се заразило со коронавирус во утробата на мајката.
Лекарите во Франција го пријавиле првиот докажан случај на пренесување на коронавирусот од бремена жена на нејзиното бебе, пишува „Гардијан“.
Бебето имало воспаление на мозокот неколку дена по раѓањето, состојба што се појавила кога вирусот преминал преку плацентата пред породувањето.
Студија, објавена во списанието Nature Communications, го следи раѓањето на неколку бебиња со Ковид-19 за кои лекарите се сомневаат дека биле заразени во утробата на мајката.
Досега тие не можеа да ја исклучат можноста дека бебињата се заразиле за време или набргу по породувањето.
„За жал, во овој случај нема сомнежи за преносот“, изјави првиот човек на педијатријата во болницата во Париз, Даниел де Лука.
Родилката на возраст од 23 години е примена во болницата на 24 март. Таа имала висока температура и кашлица, а тестот бил позитивен на коронавирус.
Три дена по приемот во болницата, лекарите забележале проблеми со бебето, па бргу бил изведен царски рез. Бебето е изолирано и интубирано. Истражувањата покажале дека детето се заразило преку крвта на мајката во плацентата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.