06 Декември, 2025
0.0473

Да не допираат ништо надвор и дезинфицирајте ги играчките: Кои деца се поизложени на коронавирусот

Објавено во: Македонија 23 Април, 2020 07:03

Добивај вести на Viber

Децата кои се заболени од Ковид-19 најчесто немаат симптоми, а кај многу мал процент може да предизвика тешка форма на респираторна инфекција. Сепак факт е дека децата и бебињата не се имуни на Ковид-19.  Д-р Душко Фидановски, специјалист по педијатрија и неонатологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, појаснува дека во најголем број случаи, околу 90 отсто, Ковид-19 инфекцијата кај бебињата и децата (0-18 години) поминува асимптоматски или како блага горнореспираторна инфекција. Само кај 6 отсто коронавирусот може да се манифестира со тешка или критична форма, за разлика од возрасните каде процентот на заболени со таква форма е до 18,5 проценти.

„Досега се опишани само неколку случаи на болест кај новороденчиња, во првите часови и денови по раѓањето. Клиничката слика била лесна или умерена и немало потреба од дополнителна интензивна терапија. Можни се потешки и критични форми на болест и тоа почесто кај бебињата на возраст под 1 година. Смртноста е занемарливо мала кај децата“, вели д-р Фидановски.

Потребата од механичка вентилација кај заболените деца е многу ретка

Иако во помал процент, децата, сепак, се изложени на коронавирусот, а доказ за тоа се и неколкуте случаи на заболени деца со потешка форма на Ковид-19, но кај нив потребата од некаква форма на механичка вентилација, како што потенцира докторот, е многу мала.

„Секако дека е можно да се појави Ковид-19 инфекција која ќе се манифестира со пневмонија и кај децата, но процентот на критично болни деца кои имале потреба од некаква форма на механичка вентилација е мал. Ризикот за потреба од  поинтензивна терапија на инфекцијата со коронавирусот се зголемува со намалување на возраста на детето, односно може да се движи и до 10 отсто од бебиња во возрасна група под една година“, нагласува д-р Фидановски.

Едно од објаснувањата зошто процентот на заболени е драстично помал во детската популација (околу 2%), од досегашните сознанија за коронавирусната инфекција, најверојатно се должи на некои карактеристики на детскиот оргнизам и на степенот на развојот на нивниот имун систем. Се смета дека вродениот или неспецифичен имун одговор кај децата е многу подобро застапен, отколку кај возрасните, а токму тој е најважен за подобрата одбрана од овој нов вирус. Од друга страна, децата особено во зимските месеци, се повеќе изложени на вирусни инфекции  при кои се создава имунитет (противтела) кои можат да делуваат вкрстено, односно да го нападнат и коронавирусот во исто време.

Поголеми дози на витамин Д за подигање на имунитетот кај децата

„За зајакнување на имунитетот во период на ваква пандемија нема посебни препoраки, освен примена на избалансирана исхрана по совет на педијатар, вообичаен хигиенодиететски начин на живот, почитување на препораките за заштита како и кај возрасните и користење на вообичаени витамински препарати. Би обрнал внимание на корисноста од пролонгирана употреба на витаминот Д додека траат вонредните мерки, а со тоа помалата изложеност на сонцето и во поголеми дози со оглед на сознанијата за неговата голема  улога во подобрување на неспецифичниот и специфичниот имунитет“, советува д-р Фидановски.

Нема потреба од пролонгирање на редовната вакцинација кај бебињата

 Тој, исто така, апелира на стриктно придржување кон календарот на имунизација и неодложување на вакцините за претшколските, особено за бебињата во текот на првата година. Сè повеќе релевантни истражувања, вели д-р Фидановски, укажуваат дека имунитетот кој се создава од добивање на т.н. БСЖ-вакцина (вакцина против туберкулозата) може да ја зголеми одбраната на организмот и од коронавирусот.

Поизложени на инфекција од Ковид-19 се децата со претходни заболувања, кај кои може да се јави и потешка форма на болеста.

„Хроничните заболувања кои можат да се јават и кај децата (хронични белодробни заболувања, дијабет, малигни и други заболувања со намалување на имунитетот) го зголемуваат ризикот за појава на оваа инфекција, но и ризикот за појава на болест во потешка форма. Затоа е потребно, особено во оваа највулнерабилна група, најригорозно почитување на препораките за заштита од коронавирусот“, вели д-р Фидановски.

Децата правилно да ги мијат рацете и да не допираат ништо надвор од домот

Неговите препораки за заштита на најмалите од Ковид -19 се избегнување престој во затворени простории со повеќе луѓе и контакт со луѓе кои имаат знаци на респираторна инфекција. Рацете на децата треба да се мијат правилно или да се дезинфицираат со средство на база на алкохол - пред јадење, по користење на тоалет и по престој надвор од домот. Особено е важно на децата да им се објасни да не допираат ништо надвор од домот и да се одвикнат од пипкање на устата, носот и очите и зoшто е тоа важно. Исто така, д-р Фидановски советува да се мијат и дезинфицираат  играчките и предметите со кои децата доаѓаат во контакт секојдневно.

Досега не е докажано присуството на коронавирусот Ковид-19 во мајчиното млеко, но ниту е исклучена таква можност дефинитивно, па пристапот за доење е индивидуален за секој случај.

Во случај на Ковид-19 мајка со симптоми на инфекција и новородено со знаци на ваква инфекција, се препорачува одвојување на мајката од детето веднаш по породувањето, сè до подобрување на состојбата. Во тој период може и да се користи измолзено мајчино млеко од мајката, со запазување на сите безбедносни процедури при измолзување или користење млеко од донор, но и едното и другото млеко, пред да се употребат, треба да бидат тестирани со ПЦР тестот на присуство на вирусот. Во случај на Ковид-19 позитивна мајка која е асиптоматска и дете кое е во добра состојба, д-р Фидановски потенцира дека може да се разгледа опцијата да не се сепарираат бебето од мајката и исхраната да продолжи со доење, но со почитување на сите мерки на заштита кај мајката и новороденчето и особено почитување на препораките за хигиена на рацете.

A.T.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија