19 Декември, 2025
0.0618

БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ „ГЛАВНО“ И ВО The Guardian: „Унгарија му помогнала да избегне затвор“

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2018 08:28

Добивај вести на Viber

Мистеријата околу тоа како поранешнипт премиер на Македонија, Никола Груевски ја напуштил својата земја дена пред да влезе во затвор со пресуда за корупција, се продлабочува, пишува британскиот весник The Guardian.

Ова се случува по серија обвинувања дека Унгарија стои зад неговото бегство.

Весникот им објаснува на читателите дека официјалните власти во Скопје требало да го слушнат и соопштението од Тирана во доцните часови на четврток, дека тој имал помош од унгарски дипломати. Кога откриле на кого точно и припаѓа колата, се покажало дека тоа е број на дипломатската мисија на Будимпешта во Тирана, а со неа тој бил преведен во северната граница во Црна Гора.

Часови само пред тоа шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, потврди дека избеганиот лидер побарал азил во унгарско претставништво надвор од Македонија, но категорично негираше дека Будимпешта  има учество во овие настани. Неговото барање за азил веќе се разгледува.

Социјалдемократската влада во поранешната југословенска република повика на екстрадиција. Истрагата, исто така, почна да истражува дали на неговото бегство му помогнала македонската полиција, пишува The Guardian.

Груевски, како што објаснува медиумот минатата година бил лишен од својот пасош и бил под постојана 24-часовна заштита. "Континуирано го водеа во судот, тој се држеше настрана од јавното мислење," добро информиран извор му соопштил на Тhe Guardian. "Не можеше да се види ниту во блокот каде што живееше".

На почетокот на оваа недела екс лидерот на опозицијата објави на страницата на Фејсбук дека е принуден да бега поради "безброј" закани за неговиот живот. Двегодишната пресуда која ја има добиено за купување на луксузниот автомобил, според него е политички мотивирана.

Цврстата политика на Груевски има важна улога во тензиите со соседна Грција, продолжиле долго време и поврзани со името на балканската држава, пишува лондонскиот The Guardian.


Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК