12 Јануари, 2025
0.0306

Бејби-концепт по терк на најмодерните болници: Супер мајки од Аџибадем Систина

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е препознатлива по стручноста на докторскиот и сиот останат персонал, но и по близината која пациентите ја остваруваат со секој вработен во болницата. „Аџибадем Систина“, пак, го гради тој однос, со грижа, едукација, посветеност. Посветеноста кон идните родители е еден сегмент на кој болницата е посебно посветена. Прво, ангажманот  пред породувањето што се прави со обуките на кои се едуцираат и мајки кои не планираат да се породат во „Аџибадем Систина“.

Како со бебето, какво ќе биде породувањето? Тоа се тешки прашања што ги мачат идните родители, а на кои сите одговори се важни. Во „Аџибадем Систина“ се прави едукација за самиот начин на породување, која ја прават доктор и сестра.

„Без разлика дали докторот е гинеколог или педијатар. Улогата на сестрата во таа едукација е да ги упати мајките за млекото, како се спроведува доењето и како започнува лактацијата. Со самото тоа што ги упатуваме родитите како функционираме, ние сме единствени тука, но и во регионот на повисоко ниво, па затоа и доаѓаат кај нас. Постои специјализирана бејби-програма. По раѓањето бебето веднаш се носи во собата кај мајката, без разлика дали е породена природно или со царски рез. Мајките се со постојано присуство на сестра која во детали им објаснува како треба да се однесува со новороденото бебе. Од менување пелени, доењето, заспивањето“, вели сестра Весна Атанасовска, главна сестра на педијатрија и неонаталогија.

Бебињата кои се родени предвреме и кои се на интензивна нега може да ги посетуваат и татковците. Бејби-програмата која се применува ја двои „Аџибадем Систина“ како препознатлива и најдобра во државата, но и во регионот.

А грижата за бебето продолжува и по напуштањето на болницата.

„Откако ќе ги пуштиме дома во првите 48 часа, сестрата која се грижи за нив во болница доаѓа во посета дома за да провери дали и како се справува мајката. Се внимава на сите детали, правиме контрола“, вели сестра Весна.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството не дало амин за условен отпуст за Мијалков

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството не дало амин за условен отпуст за Мијалков

ЗА МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО: Извршени се дополнителни испитувања

ЗА МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО: Извршени се дополнителни испитувања

СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ, ЧИСТЕЊЕ НА ОЏАЦИ, КЛИМАТИЗЕРИ: СДСМ бара власта да преземе мерки против аерозагадувањето

СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ, ЧИСТЕЊЕ НА ОЏАЦИ, КЛИМАТИЗЕРИ: СДСМ бара власта да преземе мерки против аерозагадувањето

ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА: Граѓани излегоа за поддршка на Вучиќ

ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА: Граѓани излегоа за поддршка на Вучиќ

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани жени во скопско и во Берово

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани жени во скопско и во Берово

НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ПРОВЕЈУВА СНЕГ: Утре ќе имаме снежна покривка

НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ПРОВЕЈУВА СНЕГ: Утре ќе имаме снежна покривка

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА МИЈАЛКОВ: Ниту еднаш не е дадено позитивно мислење и не сме се согласиле со условен отпуст на осудениот

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА МИЈАЛКОВ: Ниту еднаш не е дадено позитивно мислење и не сме се согласиле со условен отпуст на осудениот

ЗНАМ: Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена од претседател на комисијата

ЗНАМ: Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена од претседател на комисијата

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе имаме ли снег и на пониските места?

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе имаме ли снег и на пониските места?