БЕКАМОВИ НИ ДОАЃААТ ВО КОМШИИ:Ќе купат луксузна вила на Јадранот, вредна 12 милиони евра
Објавено во: Финансии 03 Август, 2023 13:32
Дејвид и Викторија Бекам наводно сакаат да купат луксузна вила на Јадранот, поточно во Црна Гора, проценета на 12 милиони евра. Познатата двојка, според официјално непотврдени извори, неодамна испратила и официјално барање до агентите за понуда за имотот што веќе некое време се продава, пишува „Индекс“.
Луксузната куќа се наоѓа во градот Доња Ластва, „со неверојатен поглед на морето“, а според „Астра рил естејт“, се наоѓа на плац од 4.200 квадратни метри. Изградена е во четири ката што меѓусебно се поврзани со лифт, а во дворот, до базенот, има и градина со разни и различни растенија. Тука се наоѓа и маслиново дрво старо 800 - 1000 години.
Внатрешноста на вилата се состои од дневна соба со поглед на градот и морето, кујна, седум помали соби, вежбалница и други простории за забава.
Инаку, семејството Бекам го посети црногорското приморје во 2018 година, кога престојуваа на островот Свети Стефан.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




