27 Ноември, 2024
0.0308

Бектеши најавува поевтини производи со нов Закон: Рабатот нема да смее да биде над 10 отсто

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска по средбата со претставници на Стопанската комора на РСМ рече дека се подготвува целосно нов Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, а прописот ќе се носи по скратена постапка по консултациите кои ќе траат уште 20-тина дена.

Според Бектеши, главната поента на овој Закон е тоа што на само 10 отсто ќе се ограничи рабатот - профитната маржа на еден производ што ја одредува производителот, а не продавачот. Ова, според Бектеши, ќе го подобри и квалитетот на производот, бидејќи на многу продукти им се губат својствата кога не се продаваат само поради тоа што производителот „го увенува“ продавачот да го нуди со висока маржа.

Во некои случаи малопродажната цена ја одредува производителот (најчесто на прехрамбени и други производи за широка потрошувачка) и во тој случај одобрува рабат. Рабат е разликата во набавната и продажната цена што ја одредува производителот и често малопродажната цена е означена на амбалажата на производот. Во тој случај трговецот не би смеел да ја зголемува цената.

- Нема да се дозволи да се наметнува моќта на една компанија да се наметнува кај другите. Овој закон кога ќе стапи во сила ќе делува веднаш на намалувањето на цените на производите. Во подобрувањето на квалитетот на производите, во предвидливоста и сигурноста и на продавачите и на купувачите, соглансо нефер трговските практики. Таму е наведено колку може процентуално да биде максималниот рабат. Тие рабати надминуваат и 30, па и 40 отсто од производствената цена. Со ова законско решение процентот ќе биде најмногу 10 отсто, што ќе влијае на цените веднаш и директно, рече Бектеши.

Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија рече дека генерално бизнисот нема забелешки за предложениот Закон, а единствено дека треба да се разгледа рокот од шест месеци за стапување во сила, затоа што производителите и продавачите ги прават договорите на годишно ниво.

Бектеши дополни дека во прописот стои дека глобите за непочитување на ваквите правила ќе достигнуваат и до 20.000 евра.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“