Бектеши: Поскапе рускиот гас во Македонија
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2023
Министерот за економија Кршеник Бектеши објави дека рускиот гас од денеска е поскап во Македонија поради одлуката на Бугарија да воведе екстра оданочување од 10 евра по мегаватчас за енергенсот што транзитира низ оваа земја.
Македонија речиси целосно се снабдува со руски гас бидејќи има само еден изграден гасовод кој е поврзан со Бугарија и тој во моментов е со ограничен капацитет.
- Снабдувачот кој има директен договор со „Газпром“ започна со зголемување на цените за 10 евра со вградување на таксата која е воведена во Бугарија. Такви снабдувачи во државата имаме двајца - еден е фирма ќерка на ТЕ-ТО, а другата е фирма во Македонија која користи целосно руски гас. Тие веќе стануваат неконкурентни на македонскиот пазар со снабдување на рускиот природен гас, рече Бектеши.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.