16 Декември, 2025
0.0878

„Белград на вода” – проект кој ќе го смени ликот на градот

Објавено во: Балкан 15 Декември, 2013 16:11

Добивај вести на Viber

Почетокот на реализацијата на проектот „Белград на вода" е можно кон крајот на 2014 година кога треба да започне изградбата на голем трговски центар, велат за РТС во администрацијата на градот. Белград би требало да добие  нов изглед и нови извори на приходи преку проектот „Белград на вода" , пренесува РТС и потсетува дека козметичките промени не се доволни за Белград да се слушти кон крајбрежјето, туку дека треба да се измени и линијата на автобусите и железничката станица и реши проблемот со земјиштето. Според информациите од Владата на Србија, Белград со проектот треба да добие сосема нов изглед. За време на разговорите со шеикот Мохамед бин Зајед, е договорена инвестиција од 3,1 милијарди евра. Неговата визија на проектот е претставена и од страна на Мохамед Алабар , човекот кој го изградил најголемиот дел од Дубаи и Абу Даби. Претседателoт на привременото собрание на Белград, Синиша Мали вели дека целиот проект е правен по терк на градови кои имаат слична позиција како Белград - се наоѓаат на реки. Такви, вели тој се  Копенхаген, Линц , Манчестер. „Ова е проект кој , ако се реализира, во голема мера може да придонесе за развојот на Србија и Белград", вели Мали. За Белград да се спушти кон водата, има пари, велат надлежните. Во државна сопственост се 95 проценти од земјата, додека останатите пет проценти ќе се регулираат преку експропријација, кога проектот ќе биде прогласен за проект од национален интерес, велат  градските власти . Синиша Мали вели дека планот е да се работи во фази, каде првата фаза вклучува изградба на голем трговски центар што може брзо да се направи. „Може да почнеме кон крајот на следната година. Ова е проект кој ќе трае неколку години", вели Мали. На десниот брег на Сава е предвиден дел за хотели, деловен простор , домување и спортски центри. Оние кои работат на проектот велат дека, иако планот за проектот „Белград на вода" доаѓа надвор од нивната земја, ќе се ангажира локална работна сила, од факултетлии до градежници. Идејата за промена во изгледот на овој дел од Белград е стара неколку децении  и за тоа време се менуваа имињата. По 2000 -та властите имаа намера за изградба на Савски амфитеатар, а во последниве години активно се разговара за „Белград на вода“.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата