Добивај вести на Viber
Зградите и локалите на пропаднатите домашни претпријатија, и покрај тоа што ве наоѓаат на атрактивни локации, веќе со години неуспешно се продаваат. Некои објекти, како стоковната куќа „Беко“ на Кнез Михајлова, бележат и своевиден рекорд од над 20 обиди.
Една од основните причини за неуспешната продажба ве астрономски високите и нереални цени од кои доверителите на пропаднатите фирми не сакаат да отстапат, а потенцијалните купувачи не сакаат, но и немаат да платат, пишуваат српските медиуми.
Бидејќи очигледно е дека постои проблем со продажбата на претпријатијата кои се реструктуираат или се во стечај, врпската влада донела уредба која би требала да го забрза овој процес, а новините се однесуваат на правилата со кои се овозможува корекција на продажните цени.
„Ако првото јавно наддавање, по почетна цена од 100-постотната проценка на пазарната вредност на имотот, е прогласено за неуспешно, веднаш започнува друго јавно наддавање со почетна цена од 51% од проценетата пазарна вредновт на имотот. Доколку не се продаде по таа цена, следува трето, по цена од 30% од проценетата пазарна вредност. Овој начин на одредување на цените би требало да ја забрза продажбата, што е и основна цел“ - објаснуваат во Агенцијата за приватизација.