Добивај вести на Viber
Околу два метри низ асфалтот пропадна автомобил во Белград на булеварот „Крал Александар“.
Сеуште е непознато како во еден момент патот се „отворил“ и автомобилот паднал во длабоката дупка.
Мажот кој возел „Фолксваген поло“ за српскиот портал Телеграф изјавил дека возел нормално, но во еден момент патот се „отворил“ и автомобилот пропаднал во дупка од речиси два метри.
Потоа пукнала и водоводна цевка, по што сообраќајот во овој дел од градот бил стопиран. За среќа повредени нема.