23 Април, 2024
0.0310

БЕЛКИ ОВА Е ДНОТО

Објавено во: Македонија, Колумни 30 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Кому и зошто му се потребни измени во Кривичниот законик и тоа токму вакви, со кои се намалуваат казните за кривичните дела поврзани со злоупотребите при јавните набавки, со што добар дел од предметите што ги води СЈО и ЈО за организиран криминал, ќе застарат и сета до сегашна работа ќе падне во вода. Тоа и не е најстрашното, тоа што ја озлојадува јавноста, особено онаа стручната е фактот што со тоа заради застареност на предметите одговорноста ќе ја избегнат токму тие што немилосрдно, цела деценија ги крчмеа граѓанските пари. Во законодавниот дом се прави се', токму дел од тие што седат во тие удобни фотелји, или нивни блиски да ја избегнат одговорноста за злоупотрбите што ги правеле во времето кога позицијата им овозможила буквално преку ноќ да станат новокомпонирани богаташи. Воопшто нема да ме изненади, напротив убеден сум дека за измените на Кривичниот законик ќе гласа и пратеничката која како министер, за својот роденден со авион, не знам само на чија сметка, со одбрано друштво се прошета до Виена на ручек, добро вино, торта, колачи и секако убаво еспресо кафе. 


Колку што ме држи сеќавање, актуелната позиција, во своите пред изборни ветувања, се колнеше дека секој што се огрешил, секој што посегнал по народните пари, не само што ќе одговара за стореното, туку до денар ќе врати во државната каса!

Ајде сега, како да се толкуваат измените во Кривичниот законик?!

Дали позицијата ги креира измените за себе или за оние претходните или можеби за сите заедно, впрочем сите тие си се едно семејство, само што од време на време си го менуваат партнерот, а константата, нешто како бисексуална опција е ДУИ, на нив им е убаво и со едните и со другите, битно им е само да се во љубов со неко.

Ајде да не се лажеме, Законот за амнестија, измените во Кривичниот законик, како и замената на мерката притвор со домашен притвор на Мијалков, Камчев, Божиновски и останатаите од таа група, се прават по секоја цена и исклучиво за подмирување на ветувањата дадени на одметнатата група пратеници кои беа или се под закана од обвинение за криминал или на нивни блиски, пред гласањето за оценка на потребата од измени на Уставот на Република Македонија. 

Сега, кога непосредно пред гласањето на измените на Уставот, соочувајќи се со немање на две третинско мнозинство, бидејќи очигледно со постојната правна легислатива не може да се исполнат дадените ветувања на пратениците кои беа обвинети за крвавите настани од 27. Април, но и од Скопје 2014, како и ефективната казна на синот на пратеничката Авировиќ, актуелниве веленато, велеевропски и велезападно ориентирани позиционери, решија на овој начин да му ја е..т мајката на правниот систем на земјата, судството да го срозат и под најниските гранки на кои и до сега беше. 

Ако јавноста имаше апсолутна доверба во СЈО кога тоа почна да работи, сега таа доверба полека, но сигурно се топи и се доближува до "довербата" што ја има вкупниот правосуден систем, систем не со најмала доверба, туку систем без граѓанска доверба и подршка. 

Да сиот овој пакет од измени во легислативата ќе биде поздравен од нашите пријатели, но на нас граѓаните на Република Македонија ќе ни остане само жолчта од скриените намери содржани во Законот за (селективна) амнестија и во измените на Кривичниот законик.

Се заборава дека во пред изборието, прагот на очекувањата на граѓаните, токму Заев и актуелнава позиција го крена многу високо. Но никако не смеат да заборават дека тогаш кога подршката ја добиваат затоа што успеале да ги очараат граѓаните со убаво спакувана обланда, а во реалниот живот од обландата остане само блуткав вкус во устата и горчина во душата на граѓаните, тогаш разочарувањето е огромно, тогаш ниту тврдината од Кале, ниту писма од тој во тврдината на Калето, ниту белосветските авторитети кои не убедуваа дека ќе ни прилега некое ново име нема да може да помогне и да ги спаси од политички дебакл.

Никој и никогаш нема и не може да заборави дека во Собранието беше игнориран резултатот и волјата на граѓаните изразени на референдумот за договорот од Нивици; никој и никогаш нема и не може да ја заборави селективноста на Законот за амнестија, креиран да се амнестираат едни од најодговорнитеза крвавиот четврток; а никој и никогаш нема и не може да ги заборави интервенциите во Кривичниот законик кои позицијата токму сега и текна да ги направи, не за друго, туку заради причините поради кои тие се носат и тоа во експресно скратена постапка.


Дали после сево ова, некој од актуелната власт ќе има храброст да излезе пред јавноста и онака без срам да каже дека оваа извршна не се меша во работата на судската власт?! Та белки и тие имаат нешто што меѓу нас обичните смртници се нарекува срам, барем срам, бидејќи за образ одамна е без предметно да се говори. Дека за образ нема простор да се говори, е обидот на пратениците од позицијата да протнат Закон, со кој за себе ќе си обезбедат сигурна и светла иднина по завршувањето на нивниот мандат - да се вдомат во државната администрација, на државни јасли. Секоја чест, народни пратеници од делата на Нушиќ!


Дно, се надевам дека тука е дното на алчноста, без обѕирноста и  без сочувствителноста со оние наши сограѓани кои немаат вработување, кои секој ден ги проверуваат контејнерите со надеж дека ќе најдат нешто за да го преживеат денот, со оние кои месецот го минуваат со социјална помош од 2.700 денари, со оние кои се сиромашни или на самиот раб на сиромаштијата, наши сограѓани за кои затворот претставува сигурна храна и топол дом. Не дека тие тоа го сакаат, но е далеку подобра опција од не подносливиот студ, бездомништвото и пребарувањето по контејнерите...додека некои други со бели околувратници без милост, со местени тендери, со шурување со власта живеат во луксуз, се возикаат со џипови кои вредат повеќе од просечен стан и се надвор од досегот на законот.

Некој ќе рече дека сум песимист, не напротив, јас сум голем оптимист, а оптимизмот ми е во надежта дека стварно ова е дното, бидејќи од дното подолу белки не може да се пропаѓа.

Воислав Зафировски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП