06 Декември, 2025
0.1045

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2025 21:17

Добивај вести на Viber

Фирмата Сити Аутсорсинг, која СДСМ на прес конференција ја посочи како блиска до директорот на СОЗР, Ивица Томовски, реагираше дека нема никаква поврзаност со него.

„Сити Аутсорсинг како компанија која повеќе години успешно работи на пазарот, со над 70 вработени и со целосно, редовно подмирување на сите законски обврски кон државата и вработените, изразува длабока загриженост и разочараност од обидите да се наруши угледот и интегритетот на компанијата. Без да навлегуваме во политички пресметки или дневно-политички наративи, категорично ги демантираме сите изнесени наводи со кои се поврзува споменато лице со нашата компанија. Истото лице нема никаква деловна, кадровска или друга поврзаност со „Сити Аутсорсинг“, рекоа од таму. 

Од фимата велат дека од почетокот на своето работење имаат континуиран раст.

„Компанијата од своето основање до денес бележи континуиран и стабилен раст, резултат на професионално, одговорно и законито работење. Дополнително, дел од овој раст произлегува од затворањето на две други компании на пазарот, што создаде можност за преземање дел од нивните претходни обврски и клиенти. Сити Аутсорсинг останува посветена на транспарентност, чесна деловна пракса и поддршка на своите вработени, клиенти и деловни партнери“, додадоа од „Сити Аутсорсинг“.

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери

НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани

„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани

Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ

Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“

Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“

„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти

„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен

Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец