06 Декември, 2025
0.0350

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2025 18:11

Добивај вести на Viber

Министри, градоначалници, најблиски соработници испратија честитки до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за неговиот реизбор за претседател на партијата, за кого денеска во Кавадарци гласаа 804 од присутни 817 делегати. 

Како делегат и градоначалник, денеска ја почувствував силата на секој глас и посветеноста на членството на ВМРО‑ДПМНЕ. Со 804 гласа „ЗА“, Христијан Мицкоски е реизбран за претседател – човек кој ја носи Македонија во срцето и води кон сила и перспектива. Честитки, претседателе! Горди сме што заедно работиме за иднина во која секој Македонец ќе ја чувствува слободата, гордоста и надежта за обединета држава. Вашата визија инспирира и обединува“, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Честитки испрати и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој денеска, брзајќи на конгресот заработи опомена од камерите на „Безбеден град“.

„Честитки за реизборот на претседателот Христијан Мицкоски. Во години кога државата поминуваше низ најтешките политички и економски моменти, тој издржа, стоеше исправено и ја водеше партијата во вистинска насока. Денешниот реизбор е потврда за таа упорност, за визијата и за довербата што ја има меѓу луѓето. Пред нас е сериозна задача, да изградиме држава каква што навистина му доликува на народот, безбедна, праведна и развиена“, напиша Тошковски на Фејсбук.

Со подолга честитка се јави и скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Вели, чест е да се биде дел од Конгресот на кој беше повторно избран Мицкоски, како единствен кандидат. 

Заедно со претседателот Христијан Мицкоски, со верното членство, со упорност и искрена борба, изодевме долг пат исполнет со предизвици, но и со големи победи. Со многу работа, чесност и посветеност ја донесовме најзначајната победа за ВМРО. Убеден сум и дека во годините што доаѓаат, повторно предводени од Христијан Мицкоски, Македонија ќе чекори по уште посветла патека. Тој е човекот со кого пораснав, кој е еден од моите најблиски пријатели и познавајќи го, знам каква иднина ја чека Македонија. Заедно, создаваме силна и стабилна иднина за генерациите што доаѓаат, со визија што создава, што обединува и што носи надеж“, напиша Ѓорѓиевски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани

„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани

Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ

Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“

Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“

„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти

„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен

Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец

Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно