06 Декември, 2025
0.0492

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2025 17:45

Добивај вести на Viber

Не чекаат сериозни предизвици, имаме отворено прашање со нашиот источен сосед, но се чини дека нема соговорник од другата страна, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македнија, Христијан Мицкоски.

„Нема подобро место од овој 18ти конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, да испратиме порака - додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ, нема да се поместам ниту еден милиметар од оваа позиција. Подготвени сме да разговараме, свесни сме за капитуалциите и предавството на најкриминалната влада во историјата на независна Македонија предводена од СДСМ и ДУИ. Свесни сме за штетата историска која ја нанесоа на граѓаните и на државата, подготвени сме да разговараме. Но прво нека се одлучат какви разговори сакаат да имаме, билатерални или разговори со Брисел. Ако се билатерални, тогаш се потврдува нашата теза дека ова е билатерализација на нашиот европски пат. Ако сакаат да разговараме во Брисел, подготвени сме да тргнеме уште утре и да ги презентираме нашите аргументи“, вели Мицкоски. 

Посочи дека нема поместување, се додека не биде испочитувана и последната буква од договорите и меѓународното право и она што им припаѓа на Македонците од другата страна - во Принска Македонија. 

„Тоа е доследна примена на сите досегашни пресуди на судот за човекови права во Стразбур, во својство и во насока на исполнување на правата на македонската заедница кај нашиот источен сосед. Второ, ако навистина никој нема проблем со нашата вековка идентитетска константа и нашиот мајчин македонски јазик и дека нема да има повеќе вета, тогаш најмногу што заслужија граѓаните на оваа земја е нови заклучоци од Европскиот совет. Ова се двата столба за кои сме подготвени да разговараме. Затоа сметам дека Македонија мора да направи решение кое ќе спречи идни предавства и ќе ги исцрта цвените линии, но на начин на кој нема да може некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи да ги прекрши, држејќи ја раката на срцето, со блага насмевка и гнасни предавнички намери“, рече Мицкоски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани

„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани

Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ

Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“

Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“

„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти

„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен

Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец

Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно