БЕНДЕВСКА: Преговорите помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во финална фаза
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2024
ЗНАМ има добар кадровски капацитет, изјави потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и пратеничка, Весна Бендевска во Тема на денот на Сител телевизија.
Таа вечерва изјави дека преговорите со ВМРО - ДПМНЕ за соработка и учество во идната влада се во финална фаза. Бендевска рече дека за ресорите се разговарало врз основа на платформа, стратегиски определби и политички начела.
„Во краток период, условно да кажам, веќе можеме да кажеме дека во очи на утрешната конститутивна собраниска седница, преговорите помеѓу Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза“, рече таа.
На констатацијата дека ЗНАМ ќе ги добие Министерството за правда и Министерството за администрација, два ресори во кои покажуваме слаби резултати и и перформанси на државата и каде има значајна потреба од реформи, како и на прашањето дали овие ресори се предизвик за ЗНАМ, Бендевска одговори дека не разговарале за конкретни ресори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.