25 Март, 2025
0.0328

Berkshire Hathaway КЛАСА A - дел од портфолиото на македонски отворен инвестициски фонд!

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2024 13:47

Добивај вести на Viber

Најголемиот отворен инвестициски фонд во Македонија, во кој инвестираат голем број граѓани, го збогати своето портфолио со акцијата од КЛАСА А на Berkshire Hathaway Inc., која впрочем е и акција со највисока цена по акција во светот.

Се работи за отворениот инвестициски фонд ВФП Премиум Акции кој е под управување на друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. Притоа, оваа позиција заклучно со 17.05.2024 изнесува само 0,93% од нето имотот на инвестицискиот фонд.

Што ја прави акцијата КЛАСА А посебна?

Вредноста на цената на акцијата заклучно со 17.05.2024 изнесува дури 629.375,00американски долари! Оваа акција ја има највисоката цена по акција во светот, правејќи ја најкомплицирана за купување, имајќи го во предвид големиот износ кој е потребен да се инвестира за аквизирање на 1 акција од оваа класа.

 Во својата долгогодишна историја, Warren Buffet повеќе пати изјавил дека не планира да изврши stock-split на акцијата од класата А. Stock split претставува поделба на некоја акција на поголем број акции со пониска цена со цел да се одржи или зголеми ликвидноста на таа акција. Главната причината на Buffet да не се изврши поделба на акцијата е тоа што според него, високата пазарна цена ги привлекува само инвеститори кои се фокусирани на фундаментите на компанијата, имаат долгорочен временски хоризонт и целат кон долгорочни заработки, а не често тргување поради краткорочни флуктуации на цената на акцијата. Исто така, поради вредноста на цената на акцијата и издадените количини, гласачките права меѓу овие 2 акции драстично се разликуваат. Имателите на акциите од класа Б имаат гласачки права од 1/10,000 во однос на класа А.

Berkshire Hathaway Inc. е  мултинационален конгломерат со седиште во Омаха, Небраска, САД. Таа е една од најголемите и најуспешните компании во светот, позната по своето значително и разновидно портфолио на инвестиции. На чело на оваа компанија е добро познатиот инвеститор Warren Buffet, кој претставува еден од највлијателните и најуспешните инвеститори во историјата. 

Можеби ќе ве интересира

Пинтерест и Алеф го прошируваат продажното присуство на нови пазари на Балканот и Балтикот

Пинтерест и Алеф го прошируваат продажното присуство на нови пазари на Балканот и Балтикот

MINT Fintech Group и OneID: Стратешка соработка за дигитална безбедност

MINT Fintech Group и OneID: Стратешка соработка за дигитална безбедност

ВИДЕОЛОТАРИЈА И ГОДИНАВА СПОНЗОР НА ХРИСТИЈАН БУЗАЛКОВСКИ

ВИДЕОЛОТАРИЈА И ГОДИНАВА СПОНЗОР НА ХРИСТИЈАН БУЗАЛКОВСКИ

Новите алуминиумски системи на REHAU Window Solutions сега достапни и во Македонија

Новите алуминиумски системи на REHAU Window Solutions сега достапни и во Македонија

„Лицето зад маската“ – кога дизајнот станува простор за сочувство Мебел Венеција на Саемот на мебел 2025

„Лицето зад маската“ – кога дизајнот станува простор за сочувство Мебел Венеција на Саемот на мебел 2025

„Кредо Кард прославува роденден со ексклузивна понуда: 50 отсто попуст на месечни надоместоци“

„Кредо Кард прославува роденден со ексклузивна понуда: 50 отсто попуст на месечни надоместоци“

Саем на мебел 2025: Кога домот е повеќе од простор - заедно градиме поддршка и надеж

Саем на мебел 2025: Кога домот е повеќе од простор - заедно градиме поддршка и надеж

Samsung ја претстави иднината на поврзаниот живот овозможен од вештачката интелигенција на World of Samsung 2025

Samsung ја претстави иднината на поврзаниот живот овозможен од вештачката интелигенција на World of Samsung 2025

ФИКС ПРЕМИУМ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ НА СИЛК РОУД БНКА СО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ЗА ЦЕЛ ПЕРИОД НА ОТПЛАТА

ФИКС ПРЕМИУМ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ НА СИЛК РОУД БНКА СО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ЗА ЦЕЛ ПЕРИОД НА ОТПЛАТА